Home » Во фокусот » Интервју со Маријана Прпиќ, Head of branding во Google

Интервју со Маријана Прпиќ, Head of branding во Google

Маријана Прпиќ, Head of Branding во компанијата Google и една од предавачите на Фестивалот на интегрирани комуникации KAKTUS 2015, кој ќе се одржи на 29 Октомври во Белград, зборува за тоа како да се постави дигитална стратегија, кои се тоа „moments that matter“ кои мораме да ги препознаеме во комуникацијата со целната група и што всушност мериме во дигитал

Marijana Prpic

Маријана Прпиќ

Темата на Вашето предавање на фестивалот KAKTUS 2015 ќе биде – како да се постави дигитална стратегија? Зошто нас ни е потребна и во колкава мера компаниите денес имаат дигитална стратегија?

Дигиталната стратегија е всушност дел од интегрираната стратегија на работењето и комуникациска стратегија. Првиот дел е одреден со фактот дека технологијата е незаменлив дел од работните процеси и сите треба да размислуваат како можат да ги направат што поефикасни.Кога станува збор за комуникациската стратегија, комуницираме низ медиумите кои користат целна група, а целата популација  денес, без оглед на демографијата, е на дигитал.

Секојдневно сме изложени на голем број на информации, трендови, иновации… Како да се следат релевантните трендови, а да се остане верен на бренд идејата?

Релевантните трендови мораме да ги следиме со знаење: на начин да разбереме кој канал е добар, за кои цели и како сите заедно можеме да ги оптимизираме во своја корист, а без инсистирање на употребата на се и сешто, што на крај е контрапродуктивно и претставува лошо искористување на секогаш ограничените ресурси. 

Мерењето и понатаму е недоумица кога зборуваме за дигиталната комуникација. Како да се мери повратот на вложените пари во дигитал и што всушност мериме?

За да знаеме што мериме, мораме да знаеме кои се нашите цели – еднаш кога имаме јасно дефинирани цели и постои разбирање на перфомансите на поединечните канали, технологијата ни овозможува многу прецизно да мериме и да го оптимизираме ефектот на комуникациите.

Кои се тие „moments that matter“ кои мораме да ги препознаеме во комуникацијата со целната група? Како всушност Google и социјалните мрежи направија револуција во комуникациите?

Повторно ќе ја повторам важноста на знаењето и управувањето на информациите, кои digital во голема мера го олесни и го направи достапно. Идеалната комуникациска стратегија е всушност поклопување на три работи: познавање на својот бренд/производ/услуга, познавање на своите целни групи и познавање на нивните онлајн навики, искуства и трендови кои ги следат.

Неодамна изјавивте дека Србија е исклучително активен пазар, кој се повеќе ја препознава можноста на YouTube мрежата за заработка. Дали денес во регионот може да се живее од YouTube?

Србија е навистина активен и отворен пазар за интернет иновации и има многу креативни луѓе за кои сум сигурна дека наскоро ќе станат YouTube ѕвезди и надвор од Србија и регионот. 

Кои трендови можеме да ги очекуваме во 2016 година?

Дефинитивно можеме да очекуваме раст на прегледите на видеата и доминација на мобилните, сега како прва платформа за пребарување на интернет.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365