Home » Во фокусот » Интервју со Никола Жиниќ, претседател на регионалниот дел од жирито на Фестивалот за интегрирани комуникации -КАКТУС 2018

Интервју со Никола Жиниќ, претседател на регионалниот дел од жирито на Фестивалот за интегрирани комуникации -КАКТУС 2018

По повод објавувањето на конкурсот за четвртото последователно национално доделување на годишните награди во Србија – КАКТУС 2018 година, разговаравме со претседателот на регионалниот дел на жирито, Никола Жиниќ, ко-претседател и главен креативен директор на агенцијата Брукета&Жиниќ&Греј, Хрватска

1.Како би го оцениле пазарот на интегрирани комуникации во регионот и кој тренд ќе ја обележи 2018 година, според Вашето мислење?

Во регионот, забележан е напредокот на агенциите, почнаа да се појавуваат проекти кои ги поместуваат границите, а таквите проекти има сè повеќе од година во година. Во последно време, забележувам дека секоја година настануваат два до три вонсериски проекти кои наоѓаат свое место меѓу наградените во Кан. Мислам дека како регион, почнавме да го “фаќаме возот” со светските проекти. Сè уште по малку срамежливо, но тоа се подобрува секоја година. Тренд што може да се почувствува и трае неколку години и е сè повеќе изразен, е дека агенциите размислуваат за интеграција на онлајн и офлајн каналите, односно дека онлајн веќе не постои како самостоен канал, сето тоа денес е едно.

2.До кој степен агенциите во Хрватска (и регионот) од една страна и клиентите од друга, навистина се подготвени за храбри и иновативни кампањи? Се плашиме ли од нешто?

Не сакам да зборувам за храбри и иновативни кампањи како класификација, бидејќи мислам дека за секоја кампања или идеја, за секое комуникациско решение што му се предлага на клиентот е потребна добра аргументација. Треба да се има добра причина зошто идејата е таква каква што е и да се докаже нејзината исправност. Мислам дека агенциите денес се многу поумешни во аргументирањето зошто нешто за огласувачите е вредно да се направи. Тоа што нас некои кампањи ни изгледаат храбри, тоа значи дека агенцијата направила добро истражување, дека дошла до квалитетни сознанија и дека заедно со клиентот создала комуникациска платформа која дава резултати. Храбрите кампањи се неочекувани, тие се решенија за одредена задача кои не се очекувани. Од друга страна, мислам дека и клиентите почнаа добро да ги поставуваат задачите, брифовите, станаа поотворени во таа смисла. Решението на проблемот на клиентот може да биде било што, нов производ, услуга.

3.Која, според вашето искуство, е “тајната состојка” за идеите кои опстануваат, односно за квалитетна кампања што ќе остави трага?

Сè уште тоа е добро истражување, да се биде многу на улица, да се разговара со луѓето, да се копа по сознанија. Главната и најважна состојка е квалитен и инспиративниот увид до кој се доаѓа со истражување. Мислам дека ова е појдовна точка за секоја добра кампања.

4.Слоганот на овогодинешниот фестивал КАКТУС 2018 е „Idea is nothing without execution“. Може ли идеите да “преживеат” без квалитетни егзекуции?

Не можат. Добрата егзекузија е 90% од секоја добра кампања. Сум видел многу кампањи кои се базираа на одлична идеја, произлегле од добри увиди, но егзекуцијата била катастрофална. И едното и другото мора да бидат апсолутно задоволени.

5.Како претседател на регионалниот дел од жирито на наградите КАКТУС 2018 година, на кои детали најмногу ќе обратите внимание при оценување на кампањите и какви кампањи очекувате на конкурсот?

Очекувам одлични кампањи и две-три изненадувања. Она што лично го гледам на слични натпревари е тој инсајт за кој зборувам цело време. Дали инсајтот е нешто што ќе ме изненади, освои, нешто што ми е познато, а да ми помине низ главата “како не сум се сетил порано”. Потоа ја гледам егзекуцијата – како е направен секој детал, како идеја се применува на различни канали, како се одржува конзистентноста на идеите и продукцијата која е многу важна за да функционира некоја идеја во финализацијата.

Конкурсот за наградите KAKTUS 2018 е отворен до 20 септември. Условите за конкурсот, пропозициите и категориите, како пријавниот формулар и Правилникот за работа на жирито, може да се најдат на сајтот www.kaktus.rs.

Наградите ќе бидат свечено доделени на четвртиот национален Фестивал за интегрирани комуникации – KAKTUS 2018, кој ќе се одржи на 12 и 13 ноември во хотелот Hyatt Regency во Белград.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365