Home » Во фокусот » Интервју со Предраг Стојковски, извршен директор на Nova Solutions

Интервју со Предраг Стојковски, извршен директор на Nova Solutions

На поле на дигиталниот маркетинг во Македонија, 2018 година ја обележа поинтензивно користење на Instagram, инфлуенсери, како и поголемо користење на видео. Што ќе ни донесе 2019 година во однос на дигиталниот маркетинг во Македонија, но и на глобално ниво, зборуваме со Предраг Стојковски, извршниот директор на Nova Solutions, првата интернет маркетинг агенција во Македонија.


М365: Во воведот спомнавме, дека 2018 година во однос на користењето на дигиталниот маркетинг во Македонија, донесе поголемо користење на Instagram и инфлуенсери. Кои трендови ќе ја обележат 2019 година во однос на дигиталниот маркетинг како во Македонија, така и на глобално ниво?

Да, како што спомнавте во воведот, дефинитивно 2018 година во Македонија го одбележа Instagram. Oваа социјална мрежа е досега најбрзо растечка мрежа која во моментот во Македонија има околу 630.000 корисници.

Покрај Instagram, се забележува и поинтензивно користење на инфлуинсерите, кои што заедно во една интегрирана кампања, можат да донесат добри резултати. Кога зборувам за инфлуенсерите, морам да ги потенцирам локалните/микро  инфлуенсери кои што можат да донесат добри резултати во промовирање на локални маркетинг активности.

Она што стана интересно, но за жал во Македонија не се користи доволно, е Messenger bot алатка за автоматизирање на одговори, која што се покажа доста ефикасна за зголемување на продажбата. Наредната година, во Македонија дефинитивно ќе ја одбележи Instagram, инфлуенсерите, Messenger bot и јас би го додал giphy.com и LinkedIn.

И да не го заборавам видеото –  не само YouTube, туку и Facebook live, Instagram live и Instagram IGTV.

На глобално ниво, јас би истакнал еден тренд кој што е во моментот актуелен на глобално ниво, а тоа е користење на Progressive Web Application. Да објаснам во кратки црти – корисниците на Smartphone уреди ќе можат да постават „shortcut“ иконка од веб сајт кој што најмногу го читаат, без апликацијата да им зафаќа голем дел од меморијата, како што во моментот го зафаќаат native апликациите. Од друга страна, сопствениците на веб порталите ќе имаат помали трошоци на инвестирање во креирање на апликации на своите веб сајтови.

Покрај апликациите, AI (Artificial intelligence) кој што е имплементиран во Chatbots исто така ќе бидат тренд во наредната година. Имено Messenger апликацијата во моментот се користи од страна на 2 милијарди луѓе, а Chatbots се покажа како ефикасна алатка во зголемување на продажбата и во комуницирање со клиентите. Исто така можат да се поврзат во веб сајтовите, со мобилните апликации  и можат да дадат одлични резултати.

М365: Дефинитивно Instagram се покажа многу популарен како на глобално, така и на ниво на Македонија. Зошто е оваа мрежа интересна на компаниите за свои промотивни активности?

Старосната структура на овие корисници е интересна за компаниите, бидејќи доминира помладата генерација, која е идеална за креирање за свесноста на брендовите или за зајакнување на свесноста на брендот. За жал, поради ограниченоста на буџетите на компаниите, обично кампањата која што оди на Facebook се пренесува и на Instagram, иако на оваа мрежа се комуницира поинаку, како поради специфичноста на оваа мрежа, така и поради структурата на нејзините корисници.

Едноставно – ако е вашата целна група помладата генерација, а тие се на Instagram, тогаш треба да комуницирате на нивен јазик, кој што е поинаков во споредба со тоа како комуницирате на Facebook, каде што се сега родителите на овие млади генерации.

На оваа социјална мрежа повеќе функционираат реалните фотографии и кратки видеа, кои што на себе не мора да имаат никакви или минимални обележја на брендот (како што е на пример лого или поставен производ). Она што е важно кај овие фотографии (или видеа) е да ја пренесуваат пораката на брендот кој што го репрезентираат. Доколку брендот ги пренесува пораките како што е традицијата, т.е. по традиционална рецептура, тогаш и тие фотографии треба да ја пренесуваат таа порака.

М365: Овој месец Nova Solutions прослави 11 години од своето работење. Што се промени на полето на интернет маркетинг во Македонија за овие 11 години?

Како што брзо поминааа (барем за мене) овие 11 години, така и состојбата во нашата индустрија брзо се менуваше. Имено, Facebook кој пред 11 години беше како денес Instagram, во целост се промени, користењето на мобилни телефони стана доминантно, се појавија нови платформи за комуницирање, а со тоа и нови маркетинг канали…

Од друга страна, нашата компанија кога се појави на пазарот беше единствена која што нудеше промоција на социјални мрежи и прва која што почна со користење на Facebook апликации во маркетинг цели. Денес на пазарот имаме поголема конкуренција, а клиентие од друга страна се повеќе едуцирани и повеќе свесни за неопходноста на користењето на дигиталниот маркетинг.

И ние како компанија се сменавме – од двајца вработени (во исто време и сопственици и први social media менаџери во Македонија, Игор и Гордана Мишевски), денес сме компанија од 6 вработени и нудиме услуги од кампањи на социјалните мрежи, до комплетно брендирање, изработка на веб страници и едукација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365