Home » Во фокусот » Интервју со Стефан Ристевски – млад македонски научник и иноватор

Интервју со Стефан Ристевски – млад македонски научник и иноватор

Денеска разговараме со Г-дин Стефан Ристeвски, млад македонски научник и инвоатор чиј патент MechaCell, уникатен систем за локомоција, се патентираше во САД и Турција.

Стефан Ристeвски

М365: Кој е Стефан Ристевски, кажете ни нешто за Вас?

Стефан: Роден сум во Прилеп 1989, каде и завршив основно образование, потоа своето образование го продолжив во Yahya Kemal колеџот во Скопје, каде стекнав многу знаења и пријателства. Yahya Kemal беше период каде се изградив себе си, каде научив дека без разлика на верата, расата, полот, сите ние сме луѓе, добри луѓе… Своето образование го продолжив на Middle East Technical University на машинскиот факултетот во Анкара. Мехатрониката и роботиката отсекогаш биле моја пасија, па моите студии беа фокусирани на тоа. Желен за продлабочување на своите знаења, ги продолжив студиите запишувајќи постдипломски студии на Машинскиот Фаукултет на Билкент Универзитетот кој е исто така во Анкара. Се посветив максимално на науката, каде заедно со својот професор Melih Cakmakci работевме на проект – Mechanical and control design of a modular mechatronic device – MechaCell  кој го презентиравме на конференција на IEEE – Smart Mechatronic во Јужна Кореа и конференција на ASME во Канада. Уникатноста на механизмот за движење ни даде можност истиот да го патентираме во САД и Турција.

М365: Кажете ни нешто повеќе за патентот ?

Стефан: Луѓето отсекогаш изработувале алатки за да им го олеснат животот. Денес роботите еволвираа од механички во мехатронички, од неподвижни во движечки.. Нивната употреба е толку симплифицирана и поедноставена, бидејќи истите се изработувани да фукнционираат на принципи кои се блиски до човековото однесување.

Ние бевме интригирани од тоа дека мравките, животинки кои се значително мали, а успеваат да остварат задачи кои се надвор од нивните способности, но со здружени сили успеваат да ја постигнат крајната цел. Оттука наша мотивација беше да развиеме минијатурен мехатронички систем  „MechaCell“

Механичкиот дизајн се фокусира на уникатен систем за локомоција кој има механизам кој конвертира вибрации во праволиниско движење. Овој дизајн има два независни конторлери, еден за управување и еден за праволиниска контрола на брзината, кои се дизајнирани за „MechaCell“ да може да прати комплексни  патеки и групи на мека ќелии кои можат да го водат објектот кон комплексни патеки на движење.

М365: Како би допринесол овој Ваш пронајдок за олеснување на човечкиот живот, која би била неговата реална примена?

Стефан: Нашата прва инспирација како што кажав погоре се мравките, кои зачудувачки се способни да подигнат предмет кој е десет пати потежок од нив. Но иста така тие имаат развиено и техники за соработка такашто група на мравки може да изврши комплицирана задача што една сама мравка не би можела да ја заврши :)

Ние овај принцип го применивме кај MechaCell, (за повеќе информации кликнете тука) идејата е предмети за обработка кои се деликатни по својот изглед и неможат да се фиксираат користејќи ги веќе постоечките механизми, да се употребат MechaCells такашто предметот ќе биде фиксиран и ако има потреба може да се манипулира неговата позиција со помош на Mechacells.

М365: Како го гледате светот во однос на технолошкиот развој во наредните 10 години?

Стефан: Мислам дека науката и технолошкиот развој се одвиваат многу брзо. Не можам точно да кажам како би било после десет години, но мислам дека се движиме во правилен правец, земајќи предвид дека се повеќе се оддава внимание за проучување и искористување на природните ресурси т.е. развивање и користење на зелената енергија (енергија произведена од ветар, сонце, речен тек итн.), што би значело намалување на загадувањата и стаклената градина, што би допринесло до намалување и ликвидирање на природните катастрофи предизвикани од човекот,  дополнително на тоа и употребата на електрични автомобили зема се поголем се замав, каде би можеле повеќе да ги користиме природните ресурси, со што би допринесло за намалена емисија на штетни гасови во атмосферата.

Како и да е, нашиот живот би бил многу олеснат со помош на технолошкиот развој. Можеби и ке добиеме домашни роботи – помошници :) .

М365Кои се Вашите идни планови?

Стефан: Моите идни планови се повторно да се вратам на науката и да го продолжам своето образование. За скоро продолжувам на докторски студии на Универзитетот во Јужна Флорида на Машинскиот факултет во Тампа, каде ќе работам на проект фокусиран на адаптивна контрола на воздушни летала.  Дополнително ќе работам како асистент на Универзитетот во Тампа, каде максимално ќе се обидам да го пренесам своето знаење на студентите од додипломски и постдипломски студии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365