Home » Во фокусот » Интервју со Стефан Трајаноски, извршен директор на агенцијата WebPool

Интервју со Стефан Трајаноски, извршен директор на агенцијата WebPool

Пред десетина дена ги објавивме резултатите од истражувањето на македонскиот online пазар за 2013 година, кои за жал ни го потврдија сомневањето дека минатата година online пазарот стагнираше и македонските компании решија инвестирањето во online огласување да го намалат од претходната година, спротивно на сите европски и светски трендови каде online огласувањето станува водечки елемент во рекламните кампањи на компаниите и се повеќе опфаќа поголем дел од колачот за маркетинг.

Денеска на М365 како гостин го имаме Стефан Трајаноски, основач и извршен директор на новоформираната агенција WebPool која од самиот старт упорно се труди преку едукација и промовирање на светски стандарди и практики да придонесе за подинамичен развој на online пазарот во Македонија. Повеќе за агенцијата, услугите кои ги нуди и предизвиците на кои ќе се посвети во наредниот период, прочитајте во интервјуто во продолжение.

Стефан Трајаноски

Стефан Трајаноски

M365: Стефан, можеш ли да ни кажеш нешто повеќе за тоа како настана идејата за WebPool и за тоа кои услуги агенцијата ги нуди на своите клиенти?

Стефан Трајаноски : Благодарение на искуството стекнато во Media Solutions и keepaneye.mk увидов дека во Македонија, постојат голем број на сајтови кои поради специфичноста на содржините имаат средна или мала посетеност.  Ваквите сајтови иако интересни за својата публика поради малата посетеност тешко може да допрат до крајни клиенти и рекламни агенции. Овие сајтови кога се гледаат како единка може немаат голема посетеност меѓутоа кога ќе се спојат заедно имаат најголем досег до интернет корисници во Македонија. Токму тоа е и целта на WebPool, да ги обедини малите и средни сајтови, а на огласувачите да им понуди место за рекламирање преку кое со сигурност ќе го направат највисокиот досег до релевантните целни групи. Моментално WebPool нуди закуп на импресии на стандардни банери како и закуп на ексклузивни формати на реклами. Преку закупот на реклама во WebPool клиентите добиваат и бесплатна статистика за успешноста на кампањата. Извештајот вклучува статистика со 30 параметри како и мерења на акции на целната страна (пост-клик и пост-импересија акции).

M365: Каква придобивка имаат веб медиумите кои ќе одлучат да соработуваат со WebPool?

Стефан Трајаноски :Придобивката за сајтовите е што преку пулот они имаат достап до големи огласувачи каде самите доста тешко би успеале да се наметнат.  Преку WebPool-от малите сајтови се вклучени и во медија плановите на маркетинг агенциите преку кои оди најголемиот дел на буџетите за интернет огласување.  Значи покрај директната финансиска придобивка, преку рекламите од WebPool веб сајтовите го зголемуваат и портфолиото на клиенти а со тоа и довербата кај останатите нивни клиенти.

M365Кој е главниот бенефит за агенциите и огласувачите ?

Стефан Трајаноски :Главната придобивка за огласувачите е дека преку реклама во WebPool со сигурност ќе го извлечат максималниот ефект од буџетот за интернет рекламирање и максимален поврат на инвестицијата во рекламирање. Огласувачите преку WebPool прават закуп на реклама на повеќе од 20 медиуми што секако штеди време и пари.  Агенциите преку WebPool добиваат место за реклама преку кое на своите клиенти ќе им нудат премиум интернет рекламирање. Главната придобивка за агенциите е тоа што со реклама во WebPool на клиентите им нудат ефективни импресии како и гарантиран досег на кампањата, а со тоа ја зголемуваат транспарентноста во работењето како и довербата кај клиентите.

M365:По што се разликува WebPool од останатите агенции на пазарот кои нудат исти или слични услуги ?

Стефан Трајаноски:Главната разлика со останатите маркетинг мрежи е нудењето на ефективни импресии и гарантиран досег за кампањата. Друга разлика со останатите агенции е и богатата понуда на различни формати на реклами кои досега ги немало на нашиот пазар. 

M365Како го оценуваш развојот на интернет пазарот во Македонија во последниве години  и кои според тебе се главните приоритети и чекори кои треба да се преземат од медиумите и маркетинг агенциите за истиот да порасне што повеќе?

Стефан Трајаноски : Изминативе години пазарот за интернет рекламирање е со благ пораст иако е понизок од растот на пазарите во регионот. Главна пречка за развојот во Македонија е фактот што пазарот не е саморегулиран односно не постојат стандарди и практики прифатени од сите учесници во пазарот. Стандардизацијата би направила услови за побрз раст на пазарот. Според мене следни чекори за развој би биле утврдување на најкористените формати на реклами во Македонија, усогласување на ценовниците на медиумите односно прифаќање на моделот на закуп на интернет реклама  по импресии. Со стандардизирањето и прифаќање на најдобри практики за работа, агенциите ќе имаат поголем мотив да го зголемат буџетот за интернет рекламирање.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365