Home » Во фокусот » Интервју со Давор Брукета: “BalCannes е шанса која маркетинг агенциите од Македонија не смеат да ја испуштат“

Интервју со Давор Брукета: “BalCannes е шанса која маркетинг агенциите од Македонија не смеат да ја испуштат“

Денеска како гостин на Маркетинг365 порталот го имаме Давор Брукета, еден од организаторите на BalCannes и уметнички директор на рекламната агенција Bruketa & Žinić OM.

Повеќе за развојот на самиот настан, значењето кое го има за маркетинг агенциите и огласувачите од Македонија и регионот, како и за кретериумите за учество и очекувањата од годинешното издание, во интервјуто во продолжение..

Davor Bruketa | Marketing365

Маркетинг365: По што BalCannes е значаен настан за стручњаците по маркетин во регионот?

Давор Брукета: BalCannes е замислен како централен регионален маркетиншки собир. Тоа е место за средба на сите релевантни рекламни агенции и огласувачи од целиот регион, луѓе кои и онака доаѓаат на Weekend Media Festival  како водечко медиумско случување на овие простори. За разлика од сличните случувања, BalCannes нема натпреварувачки карактер, туку идејата е агенциите да покажат се што работеле изминатата година, а огласувачите сами да одлучат што им е интересно за нивно делување. BalCannes е значаен бидејќи им дава на агенциите можност да покажат што знаат и можат, па огласувачите на едноставен начин  да добијат информација за потенцијалните соработници во регионот кои можат да им помогнат за нивните комуникациски предизвици на пазарот. Дека формулата е погодена, докажуваат повеќе од 50 пријавени агенции и преку 100 трудови од 6 земји пријавени изминатата година на првото издание на BalCannes.

Маркетинг365: Зошто се одлучивте за баш таков формат, а не за уште едно натпреварување?

Давор Брукета: Огласувачите не ги интересира во толкава мера кој ја има освоено наградата на натпреварувањата каде што уметничките директори го наградуваат она што нив им е супер, туку што сѐ рекламните агенции во нивното опкружување знаат и можат да го понудат и какво  им е искуството со нивниот сектор, евентуално да можат да воспостават контакт и да почнат да соработуваат.

BalCannes низ овај формат почнува да станува единствено место каде што на едноставен начин може да се дознае кои се сите релевантни рекламни агенции во регионот и што работат. Овај проект има голем потенцијал и веруваме дека од страна на македонските агенции и огласувачи ќе биде препознат како клучно место за регионално маркетиншко поврзување и нови бизнис можности, бидејќи оваа година очекуваме уште поголем број на огласувачи. Реакциите од минатата година се одлични, како од страна на агенциите, така и од страна на огласувачите. Интересно е тоа што некои од нив, токму на BalCannes за прв пат ги забележаа проектите кои им видоа привлечни за соработка.

Маркетинг365: Како функционира пријавувањето?

Давор Брукета:  За учество на BalCannes можат да се пријават сите рекламни агенции од Македонија, Хрватска, Србија, Словенија, БиХ и Црна Гора со маркетиншки проекти кои се реализирале во периодот помеѓу 1 мај 2012  до 31 мај 2013  година, со котизација од 135 евра. За секој проект потребно е да се подготви презентациско видео и да се пријави заедно со податоци за проектот на веб страницата на BalCannes најдоцна до 1 септември 2013 година. Сите пријавени трудови ќе бидат прикажани во текот на Weekend Media Festival во септември во Ровињ, додека пак 25 те селектирани ќе имаат прилика за презентација во живо на главната сцена на Weekend Media Festival-от пред собраните огласувачи.Селектори се стручни новинари кои следат маркетинг, шестмина од секоја земја од регионот по еден.

intervju so davor bruketa - marketing365 mk

Маркетинг365: Спрема кои критериуми се врши селекција на трудовите за презентација во живо пред огласувачите?

Давор Брукета: Трите најважни критериуми се оригиналност на креативните идеи, квалитетот на исполнување и ефектот на пазарот, односно резултатите од кампањата. Меѓутоа помеѓу 25  те трудови за презентација во живо можат да бидат избрани најмногу 3 трудови од една агенција, а ќе се води сметка за тоа да бидат застапени сите земји од регионот.

Маркетинг365: Пријавените трудови ќе можат да се гледаат онлајн?

Давор Брукета: Ние Организаторите на BalCannes ( ХУРА – Хрватското здружение на рекламни агенции и Викенд Медиа Фестивалот) – сакавме на огласувачите и после средбите во Ровињ да им понудиме преглед на регионалните агенции.

Така се создаде BalCannes Yellow Pages, веб страницата на која во текот на целата година ќе може бесплатно да се прегледаат пријавените проекти од BalCannes на еден едноставен и прегледен начин.

На пример, доколку некој огласувач е заинтересиран само за оние агенции во регионот кои имаат искуство во сектор телекомуникации, можат едноставно да ги пронајдат и да ги прегледаат нивните референци online. Истото важи за било која друга пазарна категорија. BalCannes Yellow pages исто така ќе им служи и на агенциите, кои ќе можат да следат што нивните конкуренти и колеги од регионот работат и како пооделните пазари меѓусебно се разликуваат во пристапот и начинот на изработка и имплементација на определена кампања.

 

Маркетинг365: Минатата година BalCannes се покажа како многу успешен, што очекувате оваа година, има ли некои промени од лани?

Давор Брукета: Пред сѐ очекуваме уште поголем број на огласувачи.

Минатата година, како за прво издание, можеше да се пријават кампањи работени три години наназад. За разлика од лани, оваа година ќе може да се пријават само кампањите работени во изминатите 365 дена, па тоа најверојатно ќе резултира со помал број на пријавени кампањи, но тоа  значи дека оваа година на BalCannes ќе ја видиме целата актуелна маркетинг продукција од регионот.

Секоја година, па така и оваа сакаме да задржиме два члена на жирито од претходната година, бидејќи нас ни е важен континуитетот, додека останатите членови ќе се менуваат. Во иднина проектот сигурно ќе се прилагодува на самиот пазар, но засега нашата главна цел е што поголем број на огласувачи и агенции да се запознаат со неговите предности.

  

Маркетинг365: Колку македонски агенции беа вклучени во првото издание на BalCannes и дали во последно време сте забележале некој интересен македонски маркетинг проект?

Давор Брукета: Минатата година од македонските агенции беше присутна само IDEA Plus Communications, но веруваме дека оваа година ќе има повеќе – од проста причина што BalCannes се покажа како едно единствено релевантно место кое овозможува увид во актуелните случувања на регионалната маркетинг сцена и што на агенциите им овозмжува прлика да нивната работа биде видена во поширокиот регион.

Затоа, се надевам дека ќе забележам некои интересни македонски проекти оваа година, бидејќи до сега не сум имал можност за тоа преку останатите канали за информирање.

BalCannes го започнавме токму за да можеме сите заедно да бидеме подобро информирани, без притисоци и селекции кои доаѓаат од различни натпреварувања каде некои проекти немаат шанса да бидат забележани – па и ние како колеги, а посебно огласувачите да видат што сѐ им се нуди во регионот.

Се надеваме дека сето тоа ќе допринесе за уште поголем квалитет во маркетинг комуницирањето во регионот.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365