Home » Во фокусот » Историјата на светските фудбалски првенства претставена како таписерија во нова кампања на BBC

Историјата на светските фудбалски првенства претставена како таписерија во нова кампања на BBC

Фудбалското Светско првенство во организација на FIFA се одржува еднаш на четири години и секое издание носи нови незаборавни моменти за фановите во кои тие сакаат да уживаат вечно. Благодарение на анимираниот спот „Таписеријата“, осмислен од BBC Creative и BBC Sports Marketing и анимиран од Blinkink, тоа и ќе можат да го сторат.

Промотивниот спот на BBC за Светското фудбалско првенство 2018 ги претставува некои од најзначајните историски моменти на турнирот, извезени во таписерија и пренесени на филм. Секој кадар од спотот е индивидуално извезен, при што таписеријата содржи 227,000 метри конец и 600 индивидуални слики. На „Таписеријата“ се најдоа играчи како Диего Марадона, Зинедин Зидан, Пол Гаскоњ, Кристијано Роналдо, Лионел Меси и Хери Кејн.

Спотот, режиран од Никос Ливсеј, ги носи фановите на патување низ легендарните фудбалски моменти од минатото, потсетувајќи ги дека и оваа година, како и секогаш, „Ќе биде создадена историја“.

Изборот на тоа кои значајни моменти ќе бидат избрани беше детален процес. Каде треба да започнете и да завршите со најиконичниот турнир во светот?,“  изјави Тим Џонс, креативен директор на BBC Creative.

Овогодинешното издание на Светското фудбалско првенство кое започнува во јуни ќе се одржи во Русија, па поради тоа и спотот е проследен со традиционалната руска народна песна „Очи Чернае“.

Светското првенство е вкоренето во приказни, а нашата кампања ги оживува некои од неговите најнезаборавни моменти со уникатна интерпретација на вековната руска традиција, придружена со традиционално музичко дело во кое сите веднаш се заљубивме “, рече Џејмс Пери, маркетинг директор на BBC Sports & Events.

Визуелниот стил на таписеријата ќе биде пренесен преку различните комуникациски платформи на BBC, вклучувајќи ги и социјалните медиуми. По завршувањето на Светското првенство, таписеријата ќе биде надополнета со новите моменти од 2018 и јавно изложена пред публиката.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365