Home » Во фокусот » Истрага против инфлуенсерите и ѕвездите на социјалните мрежи

Истрага против инфлуенсерите и ѕвездите на социјалните мрежи

Во Велика Британија започната е истрага против познатите личности и инфлуенсерите кои на социјалните мрежи објавувале спонзорирана содржина и добивале пари за неа, а за тоа не ги известиле своите фанови

Големата популарност и милијарди корисници на социјалните мрежи во изминатите неколку години создадоа едно ново знимање – т.н. инфлуенсери, односно корисници кои на Инстаграм, Јутјуб или на други платформи имаат голем број на следбеници кои го читаат, лајкуваат или коментираат сето она што тие ќе го напишат или објават. Благодарение на голем број луѓе кои ги следат и на кои имаат влијание, инфлуенсерите станаа популарни за маркетинг, па компаниите им плаќаат многу пари за рекламирање на нивните производи или им даваат бесплатни производи и услуги кои ќе им ги презентираат на своите следбеници на социјалните мрежи.

Така, некои може да имаат живот од соништата (барем таков впечаток може да се добие врз основа на нивните активности на социјалните мрежи) – добиваат бесплатни авионски билети, имаат бесплатен престој во скапи хотели во егзотични дестинации, а сето тоа со цел за своите авантури да пишуваат на Инстаграм или да се фалат на Јутјуб.

Еден од проблемите на овој тип на рекламирање е тоа што понекогаш никој не знае дека станува збор за рекламирање (иако повеќе инфлуенсери со таквите објави ставаат хаштаг како #promoted #sponsored и слично), а бидејќи патувањето и сместувањето е целосно бесплатно, инфлуенсерите често ќе го пофалат хотелот или дестинацијата, иако самите тие не се задоволни од нив.

Против овој начин на скриено рекламирање, се борат регулаторните тела во САД и Велика Британија, па така неодамна Агенцијата за заштита на конкуренцијата на пазарот и конкурентноста во Велика Британија, започна истрага против познати личности и инфлуенсери кои на социјалните медиуми не прецизирале за кои објави добиле пари заради промоција на опрделени брендови.

Агенцијата контактираше голем број познати личности од социјалните мрежи за да собере информации за нивните објави и договори за спонзорство и да испита дали ги прекршуваат законите на тој начин – ако се покаже дека тие навистина добивале пари, а тоа не го спомнале во објавите, би можеле да завршат на суд. Исто така, врз основа на информациите што ги добиваат и кога подетелно ќе се запознаат со начинот на кој плаќаат спонзорите, истрагата во иднина може да се прошири за повеќе луѓе и повеќе начини на кои тие го кршат законот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365