Home » Истражувања » Истражување: Ефикасноста на видео рекламирањето

Истражување: Ефикасноста на видео рекламирањето

Факт е дека гледаноста на видеата расте рапидно на дневно ниво, а со тоа се зголемува и можноста за маркетерите да ги искористат видеата за рекламирање на производите и услугите кои се обидуваат да им ги “продадат“ на потрошувачите. Но,за сето тоа да биде успешно потребно е да е се знае ефикасноста на различните методи како тие рекламни видеа да допрат до целната група. Затоа  Adobe Digital Index извади извештај во кои ги сублимира одговорите на најважните прашања за маркетерите поврзани со рекламните видеа, а во продолжение ви ги пренесуваме најинтересните од нив.

Во кои денови е најголема гледаноста на видеа на таблет и на мобилен телефон?

Истражувањето покажа дека гледаноста на видеа на мобилен телефон во текот на недалата се движи по една зиг-заг шема, така што Понеделник, Четврток и Недела се денови со најмногу прегледи на видеа, додека во другите денови тој број е доста помал. Што се однесува до таблетите, истражувањето јасно покажа дека најмногу прегледи видеата имаат во викенд.

1

На кој социјален медиум видеата имаат најдобар одзив?

Одговорот на ова прашање е очекуван, така дури 75% од прегледите на видеа на социјалните медиуми се одвива на Фејсбук, додека на второ место е Твитер со 16%.

Еден корисен факт за маркетерите поврзано со ова е што шансите да корисниците на Фејсбук коментираат или споделат видео содржина е двојно поголема од обичен текст или фотографија.

2

 

Исто така вреди да се спомене и податокот кој вели дека видео содржините имаат најголеми шанси да станат вирални (74%) во споредба со други не-видео содржини.

 

Целосно гледање на реклами кои се појавуваат во текот на едно видео

Истражувањето покажа дека доколку рекламата се појави во текот на видеото поголема е шансата таа да биде целосно изгледана отколку пред или после него. Така дури 88% од рекламите кои се појавуваат во текот на едно видео се гледаат целосно, наспроти 76% доколку реклмата се појави пред видеото, односно 59% ако таа е после него. Истотака ова истражување покажа дека има поголема шанса рекламите да се гледаат целосно доколку видеото е поголемо од 2 минути.

3 - Видео содржини - Маркетинг365

 Целосното истражување можете да го разгледате овде.

http://success.adobe.com/assets/en/downloads/briefs/13926_di_mobile_video_v15.pdf

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365