Home » Во фокусот » Истражување за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на регионалните и локалните телевизии

Истражување за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на регионалните и локалните телевизии

За потребите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, маркетинг агенцијата Market Vision од Скопје изработи истражување за  досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на државно ниво преку сателит или преку јавна електронска комуникациска мрежа и на телевизиските станици што емитуваат програма на регионално и локално ниво, за првиот квартал на 2015 година.

Анкетирањето беше извршено со употреба на CATI метода – телефонско интервју со помош на компјутер користејќи полу – структурирани прашалник. Вкупниот примерок го сочинуваат 1.500 испитаници и е репрезентативен на ниво на Р.Македонија според регион, пол, возраст и националност.

Целото истражување можете да го симнете на ОВОЈ ЛИНК

Во продолжение неколку заклучоци од истражувањето:

РАДИО

  • Во просек, радио дневно слуша 22% од македонската популација. Најмногу слушатели се застапени помеѓу популацијата на возраст од 20-29 години, со зголемување на возраста интересот за овој медиум опаѓа.
  • Радио Антена е најслушано македонско радио, по што следуваат Канал 77, Македонско радио, Сити радио и Метрополис.

  • Разгледувано по часови од денот, досегот на радијата започнува да расне во периодот од 7 до 8 часот за во периодот од 11ч до 15ч да го достигне максимумот од 11% по што започнува да опаѓа.
  • Во текот на една седмица радиото допира до 40% (% од популација што барем еднаш во неделата слушал радио станица) од популацијата наМакедонија. Највисок неделен досег остварува Антена 5 – 19%, понатаму Канал 77 – 8,3%, Метрополис -7% и Македонско радио – 6,3%.
Demografska struktura na slusatelite na radio

Демографска структура на слушателите на радио (клик на сликата за зголемен приказ)

ТЕЛЕВИЗИЈА

  • Во текот на еден ден телевизија гледа повеќе од половина од населението (54%). Гледаноста на телевизијата е помала кај помладите лица, додека постепено се зголемува со зголемување на старосната граница.
  • Од телевизиите што зрачат на државно ниво преку сателит најгледана е ТВ 24 Вести – 81% од одговорите на испитаниците што се изјасниле дека гледаат ТВ на државно ниво преку сателит. Гледачите на телевизиите што зрачат на државно ниво преку сателит најчесто гледаат вести -77%, додека останатите содржини што ги прикажуваат овие телевизии имаат значително пониско ниво на гледаност.
  • Најгледани регионални и локални канали се Ера и Едо во регионот Д1 Скопје, Тиквешија и КТВ во регионот Д1 Велес, Феста и К Три во регионот Д2 Страцин, Ирис и Д1 (Канал плус) во регионот Д3 Туртел, Телеканал А1 и Вис во регионот Д4 Боскија, Тера и ХД Мега во регионот Д5 Пелистер, О2 и Калтрина во регионот Д6 Мали Влај, Канал Три во регионот Д7 Стогово и Коха и Менада во регионот Д8 Попова Шапка
  • Најгледани содржини на локалните и регионалните телевизии се вести, играни филмови и забавните емисии
  • Телевизиски станици со најголем просечен неделен досег се националните телевизии: ТВ Сител – 42% и ТВ Канал 5 – 41%, по што следуваат Алфа –25% , Телма – 25% и МТВ – 23%. Алсат-М – 17%.
  • Скоро половина од населението телевизискиот сигнал го добива преку кабелски оператор, потоа следува IPTV со 27% од населението додека скоро 10% од населението телевизискиот сигнал се уште го добива преку обична антена односно преку дигитален приклучок но без да плаќа месечна претплата.
Demografska struktura na gledacite na TV

Демографска структура на гледачите на ТВ (клик на сликата за зголемен приказ)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365