(РЕГИОН) – Основачот и CEO на порталот Маркетинг мрежа од Србија, Ивана Парчетиќ Митиќ е избрана за член во Mass Media жирито во склоп на престижниот White Square фестивал кој се одржува во Минс, Белорусија.
White Square наградите се доделуваат веќе 10 години за најдобрите агенции и огласувачи, чии кампањи ја достигнуваат максималната креативност и демонстрираат посветеност во иновациите и огласувањето.
“Многу сум среќна на повикот да бидат член на жирито на овој престижен меѓународен фестивал. И покрај промените во нашата индустрија, наградите остануваат и сеуште се еден од најдобрите показатели за трендовите во адвертајзингот“ – вели Ивана, која и во минатото беше дел и од неколку други домашни и регионални жири-комисии за доделување на награди.
White Square фестивалот, кој претставува еден од водечките креативни фестивали во источна Европа, ги најави жири комисиите и во другите категории и таму се наоѓаат некои од најпознатите имиња од светот на креативноста и комуникациите. Фестивалот White Square се одржува од 19-ти до 21-ви април оваа година.