Home » Во фокусот » IZAZOV 2016 – Вмрежувањето е клуч на успехот !

IZAZOV 2016 – Вмрежувањето е клуч на успехот !

Вториот регионален форум на комуникациски лидери – IZAZOV 2016 ќе биде оддржан на 2-ри и 3-ти март во хотелот Radisson Blu Old Mill во Белград.

Станува збор за интерактивен бизнис настан, прв од овој тип во регионот, наменет исклучиво за професионалците од областа на маркетингот, односите со јавност и дигиталните комуникации од компаниите и агенциите.

IZAZOV 2016 - vizual

Темите на вториот регионален форум на комуникациски лидери ќе бидат насочени на трендовите во интегрираните комуникации, за што ќе зборуваат претставниците на најголемите домашни агенции и компании. За состојбата на пазарите за маркетинг комуникации во земјите во регионот ќе зборуваат претставници на агенции од Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, Црна Гора и БиХ. Теми на форумот ќе бидат и што всушност продаваме – стратегија или/и идеја и што клиентите ценат повеќе, како и дали на маркетинг стручњаците им е место во топ менаџментот во компанијата и како да го освојат.

Посебен сегмент на форумот ќе биде посветен и на поттикнувањето дојалог помеѓу агенциите и компаниите, преку различни типови на интерактивни работилници. За време на траењето на форумот, своите студии на случај ќе ги претстават компаниите: LOREAL Adria-Balkan, Vojvođanska banka, Vip Mobile, Delta Holding, Eurobank, UNIQA osiguranje, Societe Generale banka, Infostud, Ušće Shopping Centar и многу други.

На форумот IZAZOV 2016 ќе бидат претставени и резултатите од истражувањето за состојбата на професијата во регионот кое заедно го спроведоа Marketingmreza i истражувачката агенција MASMI.

 “Вмрежувањето и деловното поврзување е тренд и предизвик број еден веќе неколку години, а така ќе биде и во 2016.Границите на државите в кои работиме ни стануваат тесни, побарувањата на пазарот и потрошувачите се се поголеми, а буџетите се се помали. Многу од предизвиците со кои нашата професија се соочува денеска се последица на глобалните промени, трендови и тенденции, но и локални или регионални околности, на кои можеме да влијаеме. Затоа е неопходно преку различни бизнис настани да ги поврзуваме комуникациските стручњаци, да им обезбедиме конструктивен дијалог и размена на искуства, како би се укажало на предизвиците и трендовите во професијата, но и како би се работело на практичното унапредување на знаењето на стручњаците и нивното вмрежување”, рече Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и уредник на порталот Маркетинг мрежа, кој е организатор на форумот IZAZOV 2016.

Пријавувањето за учество на форумот трае до 12 февруари, а бројот на места е ограничен. Повеќе информации пронајдете на сајтот:  www.izazovforum.rs

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365