Home » Во фокусот » Во понеделник почнува форумот “IZAZOV”, помеѓу клучните говорници и Зоран Здравески од Direct Media Македонија

Во понеделник почнува форумот “IZAZOV”, помеѓу клучните говорници и Зоран Здравески од Direct Media Македонија

Јубилејниот, петти по ред регионален форум на комуникациски лидери – IZAZOV 2019, ќе се одржи на 25 и 26 март во хотелот Hyatt Regency во Белград, под слоганот “Вистина или Предизвик”. Главната тема на овогодинешниот форум ќе биде транспарентно и одговорно работење, за што ќе разговараат претставници од најголемите агенции и компании.

Помеѓу главните говорници на настанот е и Зоран Здравески од агенцијата Direct Media од Скопје, Македонија кој ќе има одговорна задача пред присутните најдобро да ја претстави состојбата на медискиот и маркетиншки пазар во шестте земји од регионот (Македонија, Србија, Хрватска, БиХ, Словенија и Црна Гора).

Зоран Здравески

Друга исклучително важна тема на овогодинешното издание на IZAZOV ќе биде и транспарентноста на сите чинители на нашата индустрија. Во таа насока, Јована Миличевиќ, виш експерт за корпоративни комуникации во Vip Mobile вели:”Транспарентноста гради доверба, екстерно и интерно, затоа што, како корисниците, така и вработените, денес сакаат да имаат контрола врз она што тие го купуваат, користат и на што работат

Покрај транспарентно и одговорно работење, темите на форумот ќе бидат и миграција на огласувањето; што се, покрај профитот, другите мотиви за заеднички настап на агенциите и компаниите на пазарот; мерење на ефикасноста на кампањите; што доведе до фрагментација на пазарот и како тоа ќе влијае на професијата, но, и зошто вложувањето во лојалноста на потрошувачите е всушност вложување во развојот на брендот.

На форумот, исто така, ќе се зборува и за деловната етика, како и зошто транспарентноста на питч процесите ќе донесе придобивки за сите.

Посебен сегмент на форумот ќе биде посветен на поттикнување на дијалогот меѓу агенциите и компаниите, преку најразлични видови на интерактивни работилници, а ќе биде организиран и тимбилдинг за учесниците.

Како и во претходните години, на форумот IZAZOV 2019 ќе биде претставено најновото истражување на статусот на професијата во регионот, кое заедно го започна порталот Маркетинг мрежа и агенцијата за истражување Smart + Research.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365