Компанијата Procter & Gamble објави дека го поставува Антоан Бран на позицијата потпретседател за пазарот на Југоисточна Европа
Од 1 април, Бран ќе ја преземе новата функција, како и одговорноста за развој и за производство на оваа компанија на 10 пазарни региони.
“Возбуден сум поради враќањето на европскиот пазар и поради можноста да соработувам со неверојатно талентираниот тим на Југоисточна Европа, бидејќи ова е многу важен регион за P&G. Разновидноста на пазарот и обемот на работењето на компанијата во овој дел од светот, заедно со можностите за понатамошен развој, ја прават Југоисточна Европа одлично место за P&G како компанија“, изјави новиот заменик-претседател.
Бран ѝ се приклучил на P&G во 1995 година во Франција, а кариерата ја развивал низ различни организациски единици. Бил на повеќе раководни позиции на различни пазари во Европа, Блискиот Исток, Африка, Азискиот Пацифик, а пред преземањето на новата одговорност за пазарот на Југоисточна Европа, бил на позицијата заменик-претседател за Австралија и за Нов Зеланд.
Новата функција Бран ќе ја преземе од Елена Кудрјашова, која ќе премине на позицијата заменик-претседател за производи за нега на бебиња на пазарот на Кина.