Членовите на Управниот Одбор на ИАБ Србија избраа ново раководство на оваа организација и позицијата претседател на Управниот одбор му е доверена на Игор Жежељ, CEO на Wireless media, додека на позицијата на извршен директор е избрана Данка Трбојевиќ, акаунт директор во агенцијата Drive.
Новоизбраниот претседател на Управниот Одбор на ИАБ Србија ја претстави програмата на организацијата за 2018-2019 година.
Според овој план, во наредниот период се става фокус на подобрувањата во сите 4 сегменти од интерес на ИАБ:
- Континуирана промоција на дигиталниот маркетинг и неговите можности;
- Континуирана работа на едукација на членовите на организацијата, како интерно, така и екстерно, преку посета на конгреси, организирање на работилници, предавања и размена на знаења со членовите од други пазари;
- Работи на одржување и подобрување на постојниот стандард;
- Зголемување на потрошувачката преку едукација и вклучување на повеќе огласувачи.
Еден од главните фокуси на ИАБ Србија и во следната година продолжува да биде понатамошното унапредување и развој на DIMAQ програмата за образование, стандардизација и сертификација, започната минатата година.
Извршната директорка на ИАБ Србија, Данка Трбојевиќ, изјави дека покрај фокусот на унапредување на DIMAQ програмата, во план е и организација на голема конференција – Digital Day 2018, како и IAB Mixx Awards 2018, а се планираат и други иницијативи кои дополнително ќе го регулираат и унапредат пазарот на дигитално огласување и маркетинг во Србија.
ИАБ Србија, со своите тела и корпоративни членови , претставува најголем саморегулаторен, едукативен и експертски центар во индустријата на интернет огласувањето.