Home » Во фокусот » Избрано новото раководство на IAA Србија

Избрано новото раководство на IAA Србија

На редовното изборно собрание кое минатиот Петок (28 Јуни) се оддржа во Факултетот за драмски уметности во Белград, членовите на IAA (International Advertising Association) Србија избираа ново раководство за наредните 2 години.

Со огромно мнозинство за нов Претседател на ИАА Србија е избран Милош Шимиќ, кој работи како маркетинг директор на Гранд Казино Белград. Шимиќ во претходниот мандат беше член на управниот одбор на здружението и досега ја извршуваше функцијата на благајник.

За потпретседатели избрани се Косанче Димитриевиќ (Alma Quattro) и Маријана Агиќ Молнар (GfK).

Останати членови кои влегоа во извршниот одбор се и Дарко Брочиќ (Nielsen) , Милан Славински (Nadji.info), Ванда Кучера (McCann) и Невена Васојевиќ (Spark/Multikom).

 

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365