Изгужвани билборди кои пренесуваат чудни пораки, рано утрово осамнаа на скопските улици. Скопјани зачудено ги загледуваа испишаните пораки на стутканото платно на билбордите кои го задржуваа погледот на љубопитните граѓани на неколку локации во градот.
„Пешачкиот премин беше далеку“, „Ќе требаше да чекам уште еден семафор“, „На едно возам исто како две“ – се само дел од пораките кои беа поставени на билбордите во главниот град. Граѓаните шпекулираат: дали станува збор за нечиј изговор за нешто или пак се пренесува одредена порака за нечија грешка во животот? До разрешување на оваа дилема, остануваат само шпекулациите кои кружат по скопските кулоари.
Кое е вашето мислење? Која е целта на мистериозната порака што ја пренесува изгужваното платно?