Home » Во фокусот » Извештајот на Агенцијата за медиуми Carat предвидува т.н “Робустен моментум” во 2017

Извештајот на Агенцијата за медиуми Carat предвидува т.н “Робустен моментум” во 2017

Најновите предвидувања на медиумската агенција Carat покажуваат континуиран позитивен моментум со раст од 4,4 % во 2016 во однос на глобалното трошење за адвертајзинг. Дигиталните медиуми се реафирмираат како главни двигатели на растот.

извештај карат

Оваа глобална медиумска мрежа своите анализи и предвидувања ги базира врз основа на податоците од 59 различни пазари ширум Америка, Пацификот и Европа.

 “Со неговата експанзија која е три пати побрза отколку глобалната стапка, дигиталните медиуми повторно се реафирмираат себе си како  двигатели на растот без ривали. Дигиталната економија носи комплексност, брзина на промени и нарушувања и само преку неа брендовите ќе можат да изградат вклученост и ќе останат релевантни за својата публика и потрошувачи во реално време’’ изјави Jerry Buhlmann, CEO на Dentsu Aegis Network (сопственик на Carat).

“Во свет каде поврзаноста и конвергенцијата стануваат норми, мобилните, социјалните и online видеата креираат брз раст во рамките на дигиталниот пазар. video Со флексибилни, таргетирани медиуми врз основа на одредени податоци, овие содржини ја креираат зголемената побарувачка за побогати и помоќни вклучувања на публиката, на вистинското место, во вистинското време.”

Најновиот извештај за 2017 година укажува дека овие трендови ќе продолжат да доминираат и понатаму. Во согласност со извештајот, дигиталните медиуми се водечки во 13 од 59 пазари во 2016 година, најмногу преку мобилни содржини и социјални медиуми кои привлекуваат поголеми инвестиции. Најголемите трошоци се прават за мобилни платформи со проценето зголемување од +48.8% во 2016, надминувајќи ги предвидувањата од outpacing +37.9% од извештајот од март 2016. Online видеата и социјалните медиуми бележат пораст од  34,7%  и  29,8% соодветно.

Моќта на пазарот на дигитални комуникации се очекува дека ќе расте +15.0% до крајот на оваа година , и ќе се зголеми за дополнителни +13.6% во 2017.

Целиот извештај можете да го погледнете на овој ЛИНК.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365