Home » Во фокусот » Џејми Манделбаум е најновиот член на Golden Drum Hall of Fame

Џејми Манделбаум е најновиот член на Golden Drum Hall of Fame

Креативниот фестивал Golden Drum соопшти дека Џејми Манделбаум, генерален креативен директор на VMLY&R Europe од Чешка, е најновиот член на the Golden Drum Hall of Fame.

Џејми Манделбаум има работено на три континенти за брендови како: Adidas, Absolut Vodka, Bel, BBC, BMW, Chanel, Coca-Cola, Danone, Erste Bank, Forbes, Harley Davidson, ING, Lavazza, LG, Marks & Spencer, Nike, Playstation, Volvic, и Vodafone.

Роден и израснат во Сао Паоло, Манделбаум е генерален креативен директор на агенцијата VMLY&R Europe каде што е одговорен за надгледување на целокупниот креативен производ на сите канцеларии од Y&R мрежата низ Европа. По само една година на функцијата, Y&R беше прогласена за најдобра регионална мрежа на годината на Cannes 2017. Пред тоа, Манделбаум беше одговорен за регионот на Централна и Источна Европа, кога Y&R исто така беше најнаградувана мрежа во регионот на Cannes Lions 2014 и 2015.

Џејми Манделбаум

Тој е чест говорник на креативните настани низ светот и бил член на жиријата на сите значајни адвертајзинг фестивали. Неговите кампањи се наградува на Cannes Lions, ADC New York, The One Show, D&AD, Clios, London International, Eurobest, NY Festivals и ADC Europe. Оваа година тој е претседател на жирито на Golden Drum за категоријата WHAT.

Со своето долгогодишно искуство во адвертајзингот, тој е лидер во индустријата на кого многумина се угледуваат. Тони Грејнџер, глобален креативен директор на Y&R, ја истакна одличната работа на Манделбаум како креативен лидер во Централна и Источна Европа, додавајќи дека неговите кампањи се иновативни, инвентивни и интерактивни, и дека добива широко признание на голбалната сцена.

По повод изборот во Golden Drum Hall of Fame, Џејми Манделбаум изјави: „Кога прв пат ме известија од Golden Drum дека ќе бидам дел од нивниот Hall of Fame бев многу изненаден. Длабоко сум почестен што ќе бидам вклучен меѓу такви извонредни луѓе кои го дефинирале адвертајзингот не само во Централна и Источна Европа, туку оставиле свој печат врз индустријата и на глобално ниво. Ова претставува огромна чест за мене.“

Покрај Џејми Манделбаум, членови на Golden Drum Hall of Fame се: Јуре Апих, Адријан Ботан, Фарид Чехаб, Мајкл Конрад, Иван Чимбуров, Мета Добникар, Душан Дракалски, Јан Мариус Демнер, Чаба Гостоњи, Ами Хасан, Јури Микеш, Џули Немес, Јоханес Неркла, Ѓунсели Озен, Милка Поглијани, Улрих Прешел, Даниел Ружичка, Драган Сакан, Јурај Вацулик, Витал Верлиќ, Дарек Заторски и Јарек Зебински.

Golden Drum Hall of Fame е основан во 2010 година со цел да даде почест на извонредните личности кои дале значаен личен придонес кон развојот на креативниот адвертајзинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365