Home » Во фокусот » Јана Савиќ Растовац дел од жирито на Њујоршкиот адвертајзинг фестивал

Јана Савиќ Растовац дел од жирито на Њујоршкиот адвертајзинг фестивал

– РЕГИОН –

Јана Савиќ Растовац, креативната директорка на агенцијата МекКен Белград, е избрана за член на жирито на угледниот Њујоршки адвертајзинг фестивал во категоријата Принт.

Фестивалот во Њујорк е еден од најважните светски манифестации кои прават пресек на достигнувањата и креативноста во областа на огласувањето. Способноста една идеја да се преточи на само една страна хартија, самата по себе бара голем талент и знаење. Со самото тоа и одлуката кој е најдобар во оваа категорија е прилично тешка, така што жирито на овогодинешниот фестивал го сочинуваат најзначајните стручњаци од креативната индустрија ширум светот.

Она што е своевиден куриозитет на овој реномиран фестивал е тоа што член на жирито се станува по препорака на некој од членовите на жирито од претходната година.

Jana Savić Rastovac, kreativna direktorka agencije McCann Beograd

“Чест е да се биде дел од најдобрите креативни директори на денешницата. Мојот избор за член на жирито е признание за мојата лична работа и приднес во струката, но и за агенцијата МекКен Белград која го негува и поддржува креативниот развој“ , вели Јана Савиќ Растовац, креативната директорка на МекКен Белград и додава : “Да се биде креативен во печатените медиуми во конкуренција на новите и експериментални медиуми денеска е потешко отколку било кога. Сепак, добрата идеја е секогаш видлива, како и виртуозната во дизајнот“

Фестивалот ќе биде оддржан на почетокот на Мај оваа година и покраќ натпреварувачкиот дел по категории, ќе бидат оддржани и конференции, предавања, панел дискусии, изложби на проектите итн..

Повеќе за фестивалот можете да видите на следниов линк : http://advertising.newyorkfestivals.com/

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365