Home » Во фокусот » Јапонија воведува канцелариски капсули на железничките станици

Јапонија воведува канцелариски капсули на железничките станици

Една од многуте работи по кои е позната Јапонија се хотелите со капсули. Овие хотели се дизајнирани за канцелариски работници кој можеби работат прекувремено, оние кои го пропуштиле последниот воз до дома и на кои им треба релативно поволно место само за да преспијат. Сепак, се чини дека Јапонија го прошири концептот на капсули, така што сега нуди канцелариски капсули.

Овие канцелариски капсули може да се најдат на железничките станици во Токио, Шинџуку и Шинагава во Источна Јапонија. Познати како “работни станици”, можат да се користат бесплатно до 30 минути. Секоја капсула има WiFi, работна маса, монитор, како и USB полнење.

Тоа значи дека ако ви треба место за завршите накоја работа брзо и во приватен простор, тогаш овие работни станици може да бидат решение. Заинтересираните можат да направат резервација преку веб-страница, по што можат да ја изберат капсулата што сакаат да ја користат, како и да го одберат времето.

Исто така, капсулите имаат пристојна звучна изолација што треба да помогне доколку сакате да направите приватен повик, односно ако не сакате да ви сметаат звуците на железничката станица во работењето. Како што рековме, канцелариските капсули засега се бесплатни, но не е јасно дали постојат планови за формирање на сервис кој ќе ја наплаќа оваа услуга.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365