Home » Во фокусот » Џозефин Ричардс е новиот извршен креативен директор на агенцијата McCann Стокхолм

Џозефин Ричардс е новиот извршен креативен директор на агенцијата McCann Стокхолм

Џозефин Ричардс од февруари се приклучува на семејството McCann Стокхолм, кое е дел од I&F Grupa, а до неодамна беше креативен директор на INGO Стокхолм (дел од Ogilvi&Gray). За време на нејзиното раководење, агенцијата креативно стана една од најдобрите во нордискиот регион. Со повеќе од 17 години искуство во водечки рекламни агенции во Стокхолм и во Сиднеј, Џозефин во McCann Стокхолм доаѓа како извршен креативен директор препозната по многу успешни кампањи.

“Во текот на 2018 година, го трансформиравме работењето на McCann Стокхолм и продолживме да се зајакнуваме. Сега одиме кон следната фаза и сум горд и возбуден што Џозефин – една од најпознатите креативни лидери во регионот – сака да биде дел од тој пат и да не води напред. Таа не е само брилијантен креативец, туку навистина прекрасна личност”, изјави Јохан Естлунд, извршен директор на McCann Стокхолм.

Нејзината работа е препознаена на фестивалот во Кан, а кулминираше во 2016 година, кога агенцијата е рангирана на прво место во Шведска и на трето место во светот по освојувањето на 12 “лавови” за кампањата “Шведски број” за Шведската туристичка заедница и 8 “лавови” за кампањата “ЛеБон“ за Лидл. Во 2017 година, таа беше наградена како еден од најдобрите 10 глобални креативни директори на листата на AdweekCreative 100“. Со текот на годините, таа освои повеќе од 70 награди во форма на “лавови”, “пенкала” и други посакувани форми.

Џозефин вели: “Мислам дека тимот на McCann Стокхолм го дели моето уверување дека големите разговори се тајна на големите идеи. Идеи кои понекогаш водат кон реклами кои не изгледаат или се однесуваат како реклами и кои имаат големо влијание, во контекст во кој се наоѓаат и на долг рок. Нашето време во овој свет е драгоцено и мораме да бидеме сигурни дека не го трошиме на глупости кои никој не сака да ги види. Треба да престанеме да придонесуваме кон озлогласената “стапица на глупава содржина”. Исто така, нашата одговорност и можност е да им помогнеме на брендовите да влијаат и да создадат нешто што го прави светот подобро место “.

Жозефин е посветена на растечка маркетинг заедница и своите размислувања и знаења со задоволство ги споделува на панели и дискусии низ целиот свет. Член е на одборот на Шведската асоцијација на комуникациски агенции и жири комисии на бројни шведски и меѓународни награди, меѓу кои Cannes Lions, LIA, The One Show и Eurobest. Јозефин беше една од иницијаторите на иницијативата Grey Nordic Women, чија тенденција е да инспирира што повеќе жени во нивните аспирации кон лидерски позиции во рамките на агенциските мрежи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365