Home » Digital » Како да ја ‘’надмудрите’’ својата конкуренција со помош на content-маркетинг

Како да ја ‘’надмудрите’’ својата конкуренција со помош на content-маркетинг

Малите бизниси често се неуспешни и згаснуваат по своето лансирање. Доколку се едни од среќниците кои ќе успеат, не постојат гаранции за идината.

Најдобриот начин на кој можете да бидете пред својата конкуренција не се сменил никогаш –тој опфаќа креирање на неповторлив производ или услуга кој ќе биде успешен кај корисниците и ќе биде профитабилен. Но доколку сте наивни ќе верувате дека доволно е само да бидете добри за да успеете во бизнисот.

Дали знаете што прави вашата конкуренција? Победете ја  во нeјзината игра!

Еден од начините го вклучува и користењето на content – маркетингот.
Еве и зошто? Поголемиот дел од она што функционира или не функционира е јавно изложено. Поради оваа можност која ја пружа Интернетот бизнисите можат да учат од успесите/неуспесите на нивните конкуренти и да ги искористат грешките/успесите во своја полза.

Што треба да знаете за конкурентската маркетинг стратегија?

  • Што тие објавуваат (на нивните блогови и генерално на Internet);
  • Колку добро, тоа што го објавуваат функционира и дава резултати на социјалните медиуми ;
  • Кои клучни зборови ги користат за да го подобрат своето рангирање на Internet просторот;
  • Што прават кога станува збор на плаќање по клик, колку плаќаат за тоа, како изгледаат нивните реклами и содржини;
  • Дали базата на нивните следбеници се зголемува/намалува и колку се тие вклучени во нивната кампања;
  • Каков е перформасот на нивниот веб сајт и со кои други сајтови соработуваат ;

Постојат и повеќе други информации кои е потребно да се разгледаат, но веруваме дека и погоре набројаните имаат доволен импакт.  Целта на нештата кои ги набројавме е да дадат комплетна маркетинг дијагностика за било кој конкурент, а со тоа да ви помогнат да ги избегнете грешките кои вашиот конкурент ги прави.

foto 1 - content marketing konkurencija

Како да дознаете што објавува вашата конкуренција?

Првото нешто кое треба да го направите е да се претплатите на нивните newsletter-и или да се претплатите на нивниот RSS feed.
Направете приватен е-mail и податоците чувајте ги во посебна папка. Следете ги со тој налог на секој социјален медиум на кој имаат свој налог.
Следниот чекор е да поставите  Google Alerts известувања на мејлот кој сте го креирале со цел следење на новостите поврзани со нивното компаниско име, топ производи, имињата на одговорните лица, или било кој друг термин тесно поврзан со нивната работа.  Овие известувања од Google Alerts се сосема бесплатни и за нивно подесување потребни се само неколку секунди, но имаат една негативна страна – нема да ги ‘’дофатат’’ сите известувања затоа што ги избегнуваат референците од социјалните медиуми. Затоа добро е да ги следите и преку SocialMention.com или Mention.com.

foto 2 - content marketing konkurencija

Следете колку добро нивната содржина ‘’поминува’’ на социјалните медиуми и која ја споделува

Одете на  BuzzSumo.com. Копирајте го URL линкот до веб страната на вашиот конкурент. Ќе добиете комплетна листа на топ натписи, инфографици, видеа и интервјуа кои ги објавиле.
Можете да погледнете и колку споделувања секоја содржина добила на социјалните медиуми.  Пред се, ќе можете да погледнете кој ја споделил нивната содржина. Погледнете кои од овие ‘’споделувачи’’ се инфлуенсери. Кога ги забележавте инфлуенсерите со интерес за вашата индустрија , следете ги на Twitter,  правете твитови за вашите следни активности поврзани со содржини кои ќе им се допаднат.


Кои клучни зборови ги користат

Постојат многу клучни зборови за SEO оптимизација како  SpyFuMoz и  SEMRush кои можат да ви покажат кој е рангот на одредена веб страница. Овие страници можат да ви покажат кои клучни зборови конкуренцијата ги користи, колкав процент од нивната содржина има органски а колку платен ‘’сообраќај’’ (прегледи, лајкови, споделувања, спомнувања, видливост, гледаност).
Погореспоменатите алатки како и алатките на Wasp Barcode, даваат одличен преглед на кампањите на конкуренцијата, клучните зборови и напорите кои таа ги користи за ја придобие публиката.
Способноста за да се разбере кои сајтови водат до нашата содржина и кои клучни зборови носат сообраќај до нашата веб страна може да им даде способност на маркетинг експертите да се фокусираат на своите напори и да ги зголемат органските (неплатени) резултати до 30% на годишно ниво.

Како да дознаете дали нивните напори продуцираат поголем или помал број на фанови?

Постои алатка наречена  Fanpage Karma  која покажува како функционира една Facebook фан страница.  Вклучува рангирање на објавите по популарност, типови на објави на страницата, која е интеракцијата на страницата , а врши и обезбедување на статистика за растот на базата на фанови.
За да го проверите статусот на вашиот конкурент на Twitter, проверете колку од неговите следбеници се ‘’лажни’’ со помош на алатката TwitterAudit. Со помош на FollowerWonk  дознајте кои се највлијателните следбеници на конкуренцијата, па следете ги.

foto 3 - content marketing konkurencija

Како да дознаете колку добро функционира нивниот веб сајт

Потребни ви се информации од технички аспект за веб сајтот на конкуренцијата. Проверете ги параметрите како брзина, мета-тагови  и структура на сајтот. За да можете да го направите овој преглед потребни ви се неколку алатки. Започнете со Google PageSpeed Insights и Mobile-Friendly тестовите.
Ова е битно затоа што влијае врз рангирањето на сајтот.

QuickSprout’s site comparison tool треба да биде вашиот следен чекор. Тој е најбрзиот и најлесниот начин да направите компарација на вашиот и конкурентскиот сајт.

Направете комплетна SEO проверка на нивниот сајт

Алатките за анализа на SEO  како  Screaming Frog  и Kapost’s Content Auditor може да ви дадат поглед на структурата на содржината која ја нуди сајтот на конкурентот

Локалните бизниси имаат потреба од Yelp и Googlesurveillance

Доколку имате локален бизнис кој добива клиенти преку рангирање преку сајтови како Yelp,CitySearch или  Google, потребно е да анализирате како котира вашата конкуренција на сајтовите. Не е потребно да бидете најтемелни, доволно е да проверите колку  коментари и добри оценки добиле.


‘’
Бидете кратки и слатки’’

Соберете ги сите информации на еден лист – документ.
Најбитни ви се податоците од нивната мрежа, инфлуенсерите и привлекувањето на публиката. Од собраните податоци потребно е да видите што функционира кај нив, и врз основа на тоа да креирате нешто ново и подобро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365