Се` повеќе луѓе кои се во потрага по работа гледаат можност на интернет и платформите за фриленсери, каде што нивните услуги можат да им ги понудат на работодавците од целиот свет. Освен тоа, приходите што се остваруваат на овој начин, често ги надминуваат просечните плати во регионот.
За разлика од вработените во компаниите, фриленсерите немаат фиксна плата и не добиваат здравствено и социјално осигурување својот работодавец. Можеби на прв поглед ова изгледа чудно, бидејќи овие бенефиции се сон на повеќето луѓе во нашите простори, но фриленсерите со причина ги одбиваат. Затоа што, нивната заработка е генерално многу поголема од просекот, што им дава можност да си плаќаат себе си повисоки придонеси и да си одобруваат слободни денови и годишни одмори.
Високата заработка како главен бенефит
Во последниве години, се повеќе луѓе од Македонија се одлучуваат својата плата да ја стекнат на некои од фриленс платформите. Нивната заработка во просек се движи од 10 до 30 долари на час, а заработката на оние кои се експерти во бараната област, оди и до 60 долари за работа од еден час. Помножете го тоа со просечното работно време од осум часа на ден и ќе разберете зошто фриленсерите се се` повеќе популарни.
На кои платформи може да најдете работа за фриленсери?
Една од најпопуларните платформи е Upwork, која дава одлична можност и за почетници и за искусни фриленсери. People per hour е одлична за луѓе кои се занимаваат со веб девелопмент, оптимизација и пишување. За дизајнерите е добар 99Design. А тука се и Toptal, кој е резервиран за експерти, но кој обезбедува поголема заработка и Freelancer, каде што конкуренцијата е многу силна и каде што генерално се ангажираат фриленсери со искуство. Кога станува збор за фриленсери од Македонија, тие најчесто работат во следниве области: дизајн, креирање на веб-сајтови и апликации, корисничка поддршка, преведување, пишување, продажба и маркетинг, информатичката технологија.
Како и Вие да започнете да заработувате како фриленсер?
За успешна кариера како фриленсер, потребни се две важни работи: практично знаење и паметна стратегија. Добрата вест е дека вештините за кои има побарувачка на пазарот на фриленсери, можете да ги стекнете за помалку од една година и тоа учејќи преку интернет. Кога е во прашање стратегијата, секоја платформа има свои специфичности и добро е да ги проучите. Сепак, без разлика што и да изберете, постојат некои општи правила кои ќе ви помогнат што побргу да добиете добра работа:
- Пополнете го вашиот профил – Богато исполнетиот профил го претставува Вашето портфолио. Размислете за него како за брошура со кој ги продавате своите услуги на клиентот.
- Посветете време на апликациите за работа – Наместо да аплицирате на сите можни работи, концентрирајте се на неколку работни задачи кои мислите дека може добро да ги завршите.
- Започнете со пониска цена – Ако сте фриленсер без искуство, во почетокот ќе мора да се задоволите со пониска цена. Откако успешно ќе извршите неколку работи, ќе можете полека да ја зголемите цената за вашата работа.
- Стекнете се со признати сертификати – На динамичниот пазар на фриленсери, сертификатите се често повеќе ценети од дипломата на националните факултети, бидејќи тие ја гарантираат вашата стручност во пракса во соодветната област. Многу ќе ви помогнат сертификатите кои ги издаваат компаниите и организациите како што се Cambridge, Microsoft, Google, Zend, Adobe, CompTIA, Oracle, Cisco, Autodesk, MikroTik, Linux и други.
Искористете ги сите бенефиции на фриленсерите и самовработувањето. Стекнете се со знаења, вештини и сертификати кои ќе ве направат конкурентни на пазарот на фриленсери и кои ќе ви овозможат да заработите преку интернет.