Home » Во фокусот » Како ефективно да го користите видеото во Вашиот план за content маркетинг

Како ефективно да го користите видеото во Вашиот план за content маркетинг

Во една добро осмислена и таргетирана кампања, креативната содржина секогаш е на прво место- таа е лепилото кое поврзува се заедно и е изворот на примарен интерес.Одамна се завршени деновите кога добриот веб сајт и рекламите на радио беа се она што ви беше потребно за да го привлечете вниманието на вашата публика.

Публиката станува ‘’гладна’’ за медиумски содржини па затоа потребни се иновативни стратегии за да се осмислат нови начини со цел задржување на нивното внимание.

видео
Денес видеото е еден од најдобрите медиуми за презентирање на креативна содржина. Cisco смета дека видео содржините наскоро ќе преземат 69% од вкупниот сообраќај на полето на Интернетот до 2017 година.

Онлајн и мобилните видеа адаптираат нов хибриден модел за пристап до содржини кој во себе вклучува мешавина на едукација и забава – двата клучни критериума кои се потребни за да се задоволи публиката, односно малите бизниси и брендови кои немаат видео содржина за да комуницираат со своите клиенти не си прават себе си никаква услуга и не се движат во позитивна насока.

Да ја погледнеме и статистиката:
– YouTube генерира милијарди гледања на онлајн видеата дневно. Оваа платформа допира до популација од луѓе од старосните граници 18-34 годишна возраст како и 18-49 годишна демографска група која ниту една кабловска телевизија во САД не може да дојде до такви резултати.
– Во поглед на рекламирањето, бројот на YouTube канали кои генерираат шест цифрени заработки се зголемува на 50% од година во година
– Видеата кои се појавуваат на home page предизвикува конверзии до 80%
– 92% од корисниците е поверојатно дека ќе споделат видео со нивните пријатели
– 64% од корисниците е веројатно дека ќе купат некој артикл откако ќе гледаат видео
– Кога корисниците уживаат во содржината на едно видео, тоа ја зголемува нивната асоцијација со одреден бренд за неверојатни 139%.

Кои се најдобрите практики за имплементација на видео материјали во рамките на маркетинг кампањата?

Одговорот на ова прашање може да добие откако ќе се разгледаат двата аспекти на преглед на видеото – традиционалното претходно снимено видео и видеото емитувано во живо. По детерминирањето на овој чекор следи подлабока анализа на начинот на кој се интегрира видео маркетингот во стратегијата за видео маркетинг на бизнисот.

Извор:seoclerk.com

Извор:seoclerk.com

Најдобри практики и совети за користење на претходно снимени видеа

Почетници

  1. Апликации и програми како Meerkat и Periscope можат да бидат користени за да се емитуваат видеа во живо на Интернет од интересни настани, фестивали, семинари- места каде вашиот бизнис е поканет да присуствува. Facebook Live исто така нуди и алтернативен начин за емитување на видеа во живо и е поврзан тесно со нивната медиумска платформа.
    2. Google Hangout и Skype може да се користат на едноставен начин на кој можете да им се заблагодарите на своите клиенти за поддршката за некои специјални пригоди како празници.

Средно ниво

Користете Live Q&A сесија за директно комуницирање со своите клиенти кои континуирано растат. Користете ги и при соработка со лидери или инфлуери релевантни за вашата публика. Не плашете се да соработувате со други индустрии.

Напредно користење на видео

Користете снимки во живо од лидерите на вашиот бизнис, од настани зад сцената со цел да креирате уникатна содржина релевантна за вашиот бизнис.

Интегрирање на видео содржини во вашата стратегија за Content маркетинг

1. Користењето на видео содржини во рамките на вашиот маркетинг-микс е стратешко и ефикасно решение односно пристап за зголемување на информираноста за брендот и конверзија која води кон зголемена продажба.

2. Прифатете ја идеата за вклучување на постоечката публика која ја имате во креирањето на видео содржини заедно со вас. Приказните на клиентите се одличен начин за интегрирањето на видео сведочења наместо пишани сведоштва на клиенти кои стануваат досадни и еднолични, а воедно и недоверливи. Реалните приказни евоцираат позитивни емоции кај останатиот дел од вашата публика и креираат доверба кај новите гледачи. Овие видеа можат да бидат креирани и додадени на различни платформи како Facebook, Vimeo и Instagram. Овие видеа траба да траат од 1-5 минути во зависност од улогата која ја имаат.

3. Видеата креирани од вашите корисници се моќна алатка со која клиентите, корисниците и амбасадорите на вашиот бренд волонтерски ја поддржуваат вашата кампања и го промовираат вашиот производ/услуга. Земете го за пример пристапот на Go-Pro кој постојано споделува видеа од спортисти и лица кои го користат нивниот производ за да ги зачуваат своите најубави спомени- овој креативен и иновативен пристап со споделување евоцира спомени и убави чувства кај лицата кои ве следат и овие спомени го движат мотивот за купување.

4. Видеото нуди нова перспектива за идните клиенти и потрошувачи на вашиот бизнис или бренд. Она што видеото го прави поразлично од било кој друг медиум е креирањето на силни емоции кои ги оправдуваат интересите на вашите гледачи за тоа кои сте вие и што работите.

Како што маркетингот се движи кон персонализиран пристап кон клиентите така и моќта на видеото станува порелевантна и цели кон креирање на идеална публика која ќе стане лојална.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365