Home » Digital » Како Инстаграм одлучува кои објави ќе ви ги прикаже?

Како Инстаграм одлучува кои објави ќе ви ги прикаже?

Од Инстаграм конечно објаснија кои фактори се важни за алгоритмот кој одлучува кои објави ќе им се прикажуваат на корисниците

 

Пред две години Инстаграм, по примерот на  Фејсбук, најави голема промена на алгоритмите со кои е променет и редоследот на прикажување на објавите на оваа социјална мрежа. Наместо прикажувањето на последните објави на врвот, на корисниците прво им се прикажуваа објавите за кои алгоритaмот сметал дека ќе им бидат најинтересни и најважни – оваа промена голем број луѓе не ја дочекаа со воодушевување, но со текот на времето се навикнаа на неа.

Иако повеќето корисници сакаат избор, односно самите да одлучат дали објавите ќе се прикажуваат по времето на објава или по желбите на алгоритaмот, ваквиот избор сѐ уште нема да го добијат, но сега барем знаеме врз основа на какви информации алгоритaмот носи одлука за објавите што за корисниците се помалку или повеќе важни и кои ќе се прикажуваат на врвот.

Алгоритaмот на Инстаграм има три најважни фактори – интереси, неодамнешна објава и поврзаност. Интересите се однесуваат на важноста на објавата за корисниците, при што најважните објави се прикажуваат на врвот, втoриот факт е важен бидејќи за Инстаграм приоритет се поновите објави, додека поврзаноста се однесува на врската помеѓу корисникот и личноста што ја објавила фотографијата или видеото на социјалната мрежа – колку е поголема интеракцијата со некој на Инстаграм, толку е поголема веројатноста содржината на таа личност да се прикажува на врвот.

Исто така, за алгоритaмот се важни уште три фактори според кои одлучува за прикажувањето на објавата на мрежата – прв фактор е зачестеноста на отворањето на апликацијата, односно Инстаграм сака на корисниците да им ги прикаже најдобрите објави од последното прегледување на содржините на оваа мрежа, потоа бројот на следбеници, бидејќи ако корисниците следат голем број луѓе, ќе им се прикажуваат помалку објави од одредени личности, а повеќе содржини од луѓето што ги следат, а последниот таков фактор е користењето. Врз основа на времето што се поминува на Инстаграм, алгоритамот одлучува кога е потребно да се прикажуваат само најдобрите објави и дали на корисниците воопшто ќе им прикажува помалку интересни фотографии и видеозаписи.

Од компанијата тврдат дека никогаш не ги кријат објавите и ако корисниците продолжат да ја скролаат содржината, на крајот ќе им се прикажат сите објави, само не според временскиот редослед со кој биле објавени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365