Home » Во фокусот » Како компаниите користат мобилен маркетинг за подобрување на своето работење (Инфографик)

Како компаниите користат мобилен маркетинг за подобрување на своето работење (Инфографик)

Една од карактеристиките на константно мобилните корисници е фактот што до нив може да се допре било кога и било каде. Погледнете како некои брендови го користат овај факт

Извор: App Geeks

Технолошките иновации неуморно и незапирливо го менуваат светот во кој живееме, а никаде тоа не е поочигледно од влијанието на паметните телефони. Денес се` е мобилно. Повеќето информации луѓето ги добиваат преку паметните телефони и компаниите ширум светот се трудат паметно да ја искористат таа мобилност.

Бројот на активни корисници на паметни телефони надмина милијарда, а според некои истражувања, во просек, луѓето ги проверуваат своите телефони 80 пати во рок од 24 часа. Ова, за возврат, им дава одлична можност на огласувачите за рекламирање.

Кога ќе се направи правилно, овај вид маркетинг им дава на корисниците персонализирани информации, токму тогаш кога им се потребни и насекаде. Во суштина, тоа е win-win ситуација и за брендовите и за корисниците!

Компанијата App Geeks создаде инфографик кој покажува како брендовите во светот ја користат моќта на мобилни уреди да ги подобрат својот бизнис. Подолу погледнете ги примерите од кампањи и интересни факти кои можеби не сте ги знаеле за незапирливиот напредок на мобилни уреди.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365