Постојат големи дигитални агенции кои имаат пристап до ресурси, маркетинг буџети и контакти за кои повеќето од малите агенции може само да сонуваат.
Па, дали навистина постои било каква можност за една мала агенција да преживее ваков вид на конкуренција?
Се разбира, дека постои!
Малите агенции како и другите мали бизниси може да преживеат, па дури и напредуваат доста во многу сектори каде се соочуватаат со големи конкуренти. Тука станува збор само за препуштање во играта со целиот свој потенцијал, сили и напори.
‘’Постојат голем број на риби во морето’’
Исто како што дигиталните агенции доаѓаат во сите облици и големини, на истиот начин доаѓаат и потенцијалните клиенти. Лесно би направиле претпоставка дека сите тие клиенти сакаат да соработуваат со најголемите и најпрестижните агенции, но искрено тоа не е секогаш случај – размислете за тоа.
Дали сите ние купуваме од продавници каде се продава скапа облека од врвни брендови, или пак сите купуваме Ролс Ројс, кога ни е потребен нов автомобил? Можеби би го направиле тоа доколку би можеле да си го дозволиме, но можеби едноставно ја обожуваме класично добрата услуга во локалните бутици и стилот и сигурноста на семејниот автомобил .
Многу од вашите потенцијални клиенти не мора да сакаат голема медиумска куќа и секако, не и нивните цени. Без оглед на гигантите, постојат многу мали -до-средни бизниси, кои ќе бидат во потрага по некоја агенција како вашата.
Кои се предностите на една мала агенција над гигантите?
Првата е способноста за маневрирање. Големите компании се потпираат на комплексни организациски ‘’машинерии’’, кои и овозможуваат на целата организација да работи без проблеми, но затоа пак не може и во секое време да им одговори на потребите на сите клиенти.
Во една мала агенција, одлуките се донесуваат од страна на неколку поединци кои користат консултации еден со друг. Ова го прави брзо реагирањето на барањата на клиентот. Кампањите на малите агенции секогаш се во тек и во брзање, додека пак оние на гигантите, полека се подготвуваат.
Кога се работи со голема агенциска/медиска куќа, понекогаш се добива чувство како сите поединци да делуваат по еден стандардизиран корпоративен –‘’машинериски’’пристап.
Една мала агенција може да преземе специјализиран пристап за разлика од ‘’машинерискиот пристап’’. Клиентите на малите компании добиваат чувство дека се занимаваат со луѓе, а не со цела организација, а нивните потреби и вредности се згрижени во грануларен начин. Многу клиенти имаат потреба од градење на лични партнерски односи и секако таргетирање на специфични потреби кои лесно може да се извршат од страна на малите компании.
И, се разбира, тука е и факторот : цена.
За успешно да се води една голема компанија потребни се поголеми средства, а од таму доаѓа и тенденцијата која се одразува и на нивните цени. Малата агенција може да понуди не само прецизна и лична кампања туку истата да ја понуди и по пониска цена.
Што е најпотребно веднаш: Зајакнување на вашиот профил!
Иако сте мали, не мора да значи дека треба да сте и невидливи. Треба само повеќе да верувате во тоа што им го продавате на Вашите клиенти – за да се успее и развива бизнисот треба да се комуницира (преку различни форми се разбира од ПР до адвертајзинг).
Ние во Маркетинг365 секогаш ќе бидеме отворени да споделиме за нови луѓе, агенции, проекти и кампањи….за Вашето супер дело….
Ваше е да не контактирате и информирате.