Home » Во фокусот » Како новите технологии влијаат на маркетингот?

Како новите технологии влијаат на маркетингот?

Во светот кој постојано се менува, се` повеќе се потпираме на технологијата и на интернетот, а начинот на кој функционира маркетингот се промени и се прилагоди. Иновациите, како што се социјалните мрежи, виртуелната и проширената реалност, го сменија начинот на кој брендовите целат на својата публика. Потрошувачите сакаат да остварат директни односи со нивните омилени брендови, а преку новите технологии и медиумски платформи, компаниите се обидуваат истовремено да ја привлечат публиката и да им ги продаваат своите производи. Ова се петте растечки трендови кои ќе ги обликуваат маркетинг стратегиите во 2018 година.

Маркетинг на социјалните мрежи

Социјалните мрежи покриваат широк спектар на платформи каде што постои однапред изградена публика и сообраќај. Ако не сте голем познавач на социјалните мрежи, тоа е многу лесно да се научи, но можеби ќе сакате да побарате совет од агенциите кои се специјализирани за водење на социјалните мрежи и кои секојдневно вршат ваков вид на маркетинг. Социјалните мрежи помагаат во креирањето на идентитетот и свеста за брендот и им даваат простор на потрошувачите за комуникација со самиот бренд. Креирањето на доследна слика за брендот и изборот на вистинската платформа, може да направи чудо за маркетингот на секој бизнис. Исто така е лесно да се следат податоците со цел да се знае кои сајтови функционираат и колку сообраќај имаат. Платформите како што се Facebook, LinkedIn, Twitter, Instagram и Yelp се одлични места за започнување со маркетинг стратегија и промовирање на социјални мрежи.

Високо-технолошко огласување

Како што напредува технологијата, така и маркетингот се прилагодува со неа. Користењето на интернет, веб прелистувач, па дури и паметни телефони, за рекламирање во било кое време, насекаде, стана важен дел од маркетингот. Со следење на колачињата (cookies) во прелистувачот за секој од нас, компаниите можат да им рекламираат производи на поединци врз основа на сајтовите што ги посетувале или од кои купувале. Користењето на информации за она што луѓето веќе пребарувале и мешањето на истите во содржината која веќе потрошувачите ја користат, создава чувство на набљудување и таргетирање, што претставува нов и чувствителен дел од рекламирањето во современиот свет денес, познат како ретаргетинг.

Виртуелна и проширена реалност

Виртуелната реалност им овозможи на корисниците да бидат дел од друг свет, доживувајќи ново искуство кое може да ја зголеми поврзаноста со производот. Виртуелната реалност може да донесе нова примена (storytelling)  на приказната во рамките на кампањата преку обезбедување на креативни начини за купување, а само некои од идеите се виртуелни кабини и виртуелни патувања. Проширената реалност има уште поголем потенцијал да им помогне на повеќе брендови да се поврзат со своите клиенти. Воведувањето на AR како составен дел од социјалните мрежи, веќе доведе до многу автентични кампањи, кои ги комбинираат забавните филтри, виртуелните искуства и интересната интеграција на секојдневни предмети во еден нов свет. AR им нуди на компаниите можност да комуницираат со клиентите, создавајќи емоционална врска на начин на кој традиционалните реклами не можат.

Исто така, забележано е дека штеди пари за рекламирање, а го зголемува профитот. Што се однесува до социјалните мрежи, во наредните години се очекуваат многу нови идеи. Snapchat веќе го претстави Lens Studio за да ја олесни креативната употреба на AR, додека Facebook Spaces има за цел да ги одведе корисниците во виртуелниот свет. Instagram веќе инвестира во AR како дел од Instagram Stories и наскоро ќе има повеќе опции за брендовите и корисниците. Бидејќи бројот на потрошувачи кои уживаат во овие искуства се зголемува, тоа е одлична можност за брендовите да ги користат овие нови технологии за да ја нагласат нивната автентичност и нивниот фокус на искуствениот маркетинг.

Вештачката интелигенција и подемот на ботовите

Вештачката интелигенција може да има бројни намени како дел од маркетинг стратегијата. Се очекува дека во 2018 година, вештачката интелигенција ќе оди кон понатамошна персонализација и поинтелигентни разговори, а корисниците ќе почннат да се чувствуваат поудобно во разговорите со дигиталните асистенти и чет ботовите кои обезбедуваат увид на она што допрва треба да дојде. Машинско учење ќе напредува уште повеќе и персонализацијата ќе им овозможи на брендовите да изградат односи со својата публика. И покрај првичната претпазливост во интеракцијата со ботовите, потрошувачите се чини дека се се` поотворени за користење на овој тип на комуникација. Како што се појавуваат и други чет ботови, корисничката поддршка, е-трговијата и разговорите на социјалните мрежи, може значително да се променат со нивна помош. Брендовите ќе можат да развијат подобрени односи со своите потрошувачи, одговарајќи на нивните прашања во реално време. Сепак, ќе биде важно повеќе од било кога, човечкиот елемент да се вклопи и интегрира со вештачката интелигенција. Замената на човековата интеракција не треба да се автоматизира и затоа и понатаму ќе биде од суштинско значење за да ја направи конверзацијата природна.

Блокчеин

Популарноста на овој тренд достигна врв во 2017, но понатамошниот развој се очекува и во 2018 година. Според Grand View Research, блокчеин пазарот ќе достигне вредност од 7,74 милијарди долари до 2024 година. Децентрализираниот пристап до податоците може да донесе значително влијание врз корисниците и маркетингот, менувајќи ја идејата за деловни трансакции. Блокчеинот донесува прашања како што се сопственоста и сигурноста на податоците, како и усогласеноста на приватноста на податоците. Оваа технологија всушност го менува светот на бизнисот на глобално ниво и не може да го заобиколи маркетингот и брендовите. Дури и ако овој тренд е сеуште во рана фаза, промената е веќе започна, а луѓето кои се занимаваат со маркетинг треба да истражат што значи тоа за нив. Потребно да се сфати дека податоците не припаѓаат на никого и затоа ќе биде многу потешко да се привлече вниманието на потрошувачите. Ако брендовите мора да го плаќаат вниманието, тоа нема да биде изненадување. Децентрализација ќе им помогне на поединците да пристапат до нивните лични податоци, а односите со клиентите ќе станат потешки, но веројатно многу повеќе автентични.

Оваа 2018 година ќе биде година кога новите технологии се приближуваат до секојдневниот живот. Како што гледаме, технологијата нуди нови и возбудливи начини за огласување до пошироката публика од кога било досега, додека и понатаму главниот фокус е на поединецот. Компаниите можат да видат дека потрошувачите сакаат да се чувствуваат сигурно во врска со тоа што го купуваат и од кого купуваат и дека со користење на технологија ќе одговорат на нивните барања. Не се работи само за додавање на нови технологии на вашиот маркетинг микс, туку е време да ги ревидирате вашите креативни планови и да ја вклучите најадекватната технологија која може да ве приближи до потрошувачите.

Новата технологија може да донесе нова ера на искуствениот маркетинг кој ја надополнува свеста, нивото на ангажманот и конверзија (претворање на пасивните посетителите во активни корисници). Од маркетинг експертите сега се бара да ги пронајдат најдобрите чекори за користење, со цел брендовите да профитираат од овие промени, помагајќи им на корисниците да го извлечат максимумот од технологијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365