Fabien Aufrechner, директор на Havas Blockchain (Франција), ќе биде еден од предавачите на фестивалот KAKTUS 2018, кој ќе се одржи на 2 и 13 ноември во хотел Hyatt Regency во Белград. На фестивалот, Фабиен ќе зборува на тема “Blockchain technologies: the next border of communication”. По тој повод, разговаравме со Фабиен за блокчеин технологијата, на кој начин таа ќе го измени текот на комуникациите и ќе влијае на креативната индустрија.
Заради многу брзата популаризација на блокчеин технологијата, постојат бројни дефиниции. Како Вие би ја дефинирале?
Блокчеин технологиите претставуваат “дигитални книги“ кои ги зачувуваат и овозможуваат пренос на информации. Овие технологии се транспарентни, безбедни и децентрализирани. Двата најважни типови на блокчеин технологии се “јавни” и се целосно децентрализирани. Distributed Ledger Technology (DLT), која исто така се нарекува и “приватен” или “дозволен” блокчеин, претставува децентрализиран модел по повик.
Што можеме да очекуваме од ваков вид иновации?
Блокчеин технологиите не се магично стапче! Тие се праведни и единствени технологии со помош на AI, IoT, Big Data итн. Тие обезбедуваат децентрализирана управа, безбедност и транспарентност. Затоа, тие се “trust provider“. И затоа, како технологија, обично се користи за обезбедување податоци (катастар, медицински податоци, синџир на снабдување …) или за проширување на трети страни (историски, претходнно беше биткоинот кој имаше за цел да ги замени парите и банките). Блокчеин технологиите се и инфраструктура на крипто-средствата (како што се Bitcoin, Ether, итн), а со самото тоа и основа на крипто-економијата (најпозната инкарнација на оваа нова економија е ICO – прибирање средства во крипто-сопственост).
Дали мислите дека клиентите се подготвени за блокчеин технологија од искуството во агенцијата?
Јас не би гледал на тоа како “да бидат подготвени“. Секогаш кога се соочуваме со проблеми, секој е подготвен за решение! И нашите клиенти ќе бидат подготвени кога ќе откријат како блокчеин технологиите можат да решат некои од нивните проблеми. Да земеме еден едноставен пример: после голем број на скандали во врска со недостатокот на транспарентност во синџирот на снабдување во прехрамбената индустрија, сите учесници на овај екосистем ќе бидат повеќе од среќни со откривањето на тоа како блокчеин технологијата ќе ја отстрани недоверба на сите страни. Ова е исто како кога целата рекламна индустрија (клиенти и агенции) ќе сфати како блокчеин технологиите можат да привлечат гледачи и им даваат на клиентите целосна контрола на сите собрани податоци.
2018 година е прогласена за година на блокчеин технологијата: дали навистина очекувате дека ќе биде така?
Годинава ја прославуваме десетгодишнината од блокчеин технологијата. Она што е посебно, оваа година, не зборуваме за тоа како технологијата се развива, туку како луѓето и корпорациите ја развија оваа технологија. За прв пат, банките почнуваат да работат на крипто фондовите и криптографијата, корпорациите работат на ICO и за прв пат Владите ја разбираат улогата и почнуваат да ја регулираат крипто економијата итн. Во оваа смисла, 2018 е година на вистинска демократизација на технологијата, дури и да бидам искрен, иако повеќето луѓе слушнале за неа, сè уште остануваат далеку од тоа да дознаат сè за можностите што им се нудат.
Кои индустрии ќе бидат најмногу погодени од блокчеин технологиите?
Најчесто луѓето сакаат да кажат дека финансискиот сектор ќе биде најбрзо трансформиран, долгорочно, со блокчеин технологија. Но, генерално, јас би рекол дека ќе влијае на индустријата заснована на трети страни и посредници: огласувачката и музичката индустрија, прехранбената индустрија, фармацевтската и индустријата на здравствена заштита, социјалните мрежи, осигурителните компании и банки, малопродажбата и туризмот, итн. Со оваа револуција ќе се трансформираат и другите сектори. На пример, ICO ќе ја трансформира целата индустрија на капитал, економијата, а веројатно ќе бидат преобликувани и медиските модели и односите со јавност.
Што можеме да очекуваме за време на Вашата презентација на фестивалот Kaktus 2018?
На фестивалот Kaktus 2018 ќе претставам како блокчеин технологиите отвараат нови парадигми засновани на децентрализација во кои клучните ресурси стануваат креативноста, ангажманот и односите со јавноста. Исто така, ќе разговараме за стравовите на нашата индустрија во врска со оваа нова технологија и неговата парадигма (децентрализација, транспарентност, итн), но ќе се обидам да истакнам и на можностите што ги имаме како индустрија.