Home » Во фокусот » Кампања која овозможува да креирате персонализирани етикети на облеката која ја подарувате

Кампања која овозможува да креирате персонализирани етикети на облеката која ја подарувате

Во Кинa постои вообичаена практика облеката на најблиските и пријателите да им се дава како гест на љубов и грижа за време на Фестивалот на пролетта

 

Продавницата за облека GU започна проект кој се сосотои од редизајнирани и персонални етикети со емотивни пораки за семејството и пријателите.

На прв поглед изгледа како нормална етикета / налепница која дава совети за перење на облеката, но со внимателен преглед може да се идентификуваат различни персоналните пораки на љубов кои се извезени во симболи.

Во повеќето продавници на брендот се инсталираниу pop-up кабини кои ги повикуваат потрошувачите да дојдат во продавницате и ги запишат своите пораки, а потоа да ја креираат бесплатно, својата сопствена етикета зашиена на облеката која ќе ја купат.

Кампањата започна две недели пред почетокот на фестивалот на пролетта, кој е важен настан во Кина, каде што секоја година 290 милиони луѓе се враќаат во своите домови да се сретнат со семејствата и пријателите.

Проектот доби бројни критики, но и позитивни коментари. Имено, тој го продолжи траењето на фестивалот, промовирајќи љубов и единство со еден алтернативен облик на комуникација и маркетинг.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365