Home » Во фокусот » “Ако Англија тепа, тоа ќе ѝ се случи и нејзе“: Кампања која предупредува на темната страна на навивачките страсти

“Ако Англија тепа, тоа ќе ѝ се случи и нејзе“: Кампања која предупредува на темната страна на навивачките страсти

Оваа шокантна кампања во Велика Британија ја подига свеста за зголемениот број на пријави на семејно насилство за време на спортски настани

Светското првенство во фудбалот носи многу возбуда како за играчите,така и за навивачите низ целиот свет овие денови, но фудбалот и страста за овој спорт имаат и своја темна страна од приказната. Впрочем, оваа темна страна е многу шокантно прикажана во визуелните прикази на кампањата која агенцијата J. Walter Thompson од Лондон ја креираше за Националниот центар за семејно насилство во Обединетото Кралство.

Агенцијата создаде низа на впечатливи слики кои ги прикажуваат националните знамиња на Англија, Швајцарија и Јапонија – но знамињата се прикажани буквално низ крв. Женско лице насликано со бела боја, со црвени дамки од крв што ги сочинуваат знамињата на секоја од овие земји. Сликата за Англија порачува: “Ако Англија тепа, тоа ќе и` се случи и нејзе.”

Кампањата произлегува од вознемирувачка статистика. Секогаш кога Англија игра натпревар на Светското првенство, бројот на пријави за семејно насилство расте за 26%, бидејќи навивачите пијат повеќе алкохол и постои тензијата за резултатот од натпреварот. Ако Англија изгуби, овој процент скокнува дури до 38%. За жал, ефектот продолжува и после натпреварот. Победа или пораз, еден ден после натпревар на Англија, процентите за семејно насилство продолжуваат да растат за 11%.

Визуелните слики на кампањата „Not So Beautiful Game“ ќе се прикажуваат онлајн, во печатот и на надворешни реклами до крајот на Светското првенство.

Треба да се напомене дека зголемувањето на бројот на случаи на семејно насилство за време на фудбалски натпревари е вообичаено и во другите делови на светот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365