Home » Во фокусот » Кампања на Гринпис: “Океанот на иднината“ е исполнет со пластика, а не со риби

Кампања на Гринпис: “Океанот на иднината“ е исполнет со пластика, а не со риби

Невладината организација за зачувување на животната средина Гринпис ги продолжува своите остри критики кон потрошувачите на пластика, овој пат со кампања во која ги таргетира супермаркетите. Супермаркетите во Велика Британија генерираат 800.000 тони пластика секоја година.

Кампањата вклучува видео од школско патување на група мали деца, кои се во посета на аквариумот “Океан на иднината”.

Видливо возбудени за да видат суштества како што се пингвини, риби, октоподи и сомови, децата се разочарани кога наместо тоа гледаат пластични вреќи, шишиња и амбалажи.

Агенцијата Ogilvy Велика Британија го претвори Dingle Oceanworld Aquarium во изложба на пластика од супермаркетите, покажувајќи “остра визија” за иднината на океаните, доколку човештвото не преземе акција за намалување на количината на производството на неодржливи пакувања. Видеото има за цел да ја поддржи петицијата на Гринпис, таргетирајќи ги супермаркетите, особено за да ја намалат нивната отпадна пластична амбалажа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365