Озлогласената книга Mein Kampf (‘Мојата борба’) на Адолф Хитлер оваа година беше за прв пат реиздадена после 1945 година – откако изминаа издвачките права на Владата на Баварија.
Очекувано, нејзиното појавување предизвика многу реакции. Се појави и моќен одговор од берлинската канцеларија на Ogilvy & Mather, која издаде конкурентна книга – Mein Kampf gegen Rechts (Мојата борба против расизмот), во обид да се бори против десничарскиот екстремизам и нетолеранцијата.
Кампањата на Ogilvy истакнува 11 различни индивидуи кои се бореле против ксенофобијата и неправдата. Меѓу нив се и Моше Даган, преживеан од концентрационите логори на смртта, Вана Лимар, поранешна бегалка од Авганистан (сега водител на MTV) и Ирмела Менса-Шрам, која го посветила својот живот на отстранување на нацистички графити каде и да ги пронајде.
Последната, белокоска баба, која отстранила повеќе од 100 000 нацистички слогани во изминатите 30 години, е особено меморабилна фигура во видеото на проектот, истакнувајќи “Сакам да ја уништам омразата” додека држи спреј во едната рака и четка во другата.
“Поради кризата со имиграцијата и бегалците, Германија се соочува со голем раст на десничарскиот екстремизам и отворен расизам секојдневно”, изјави Тим Стубен, извршен креативен директор на Ogilvy Berlin и лидер на проектот, додавајќи: “На минатите избори, една нова екстремистичка партија доби 24% од гласовите. Сето ова е многу болно да се гледа. Моравме да направиме нешто против тоа, но што? Кога разбравме дека Mein Kampf на Хитлер ќе биде републикувана, помисливме – целосно погрешен сигнал во овој период. Нашиот проект има за цел да ја земе концепцијата на зборовите Mein Kampf од нацистите и преку нив да создаде спектакуларен тригер за ПР-от и социјалните медиуми да зборуваат за моменталната ситуација во германското опшество.”
Таа мисија е во голема мера остварена. Книгата на Ogilvy допри ‘нерв’ во Германија. Првичниот тираж од 11 000 е скоро распродаден, а по 1 евро од секоја продажба оди на Gesicht Zeigen, непрофитна организација која се бори против неправдата во опшеството. Кампањата предизвика и големо внимание од медиумите и предизвика широка дебата, а од Ogilvy се надеваат дека Mein Kampf gegen Rechts (Мојата борба против расизмот) ќе ја претворат во Unser Kampf gegen Rechts (Нашата борба против расизмот).