Home » Во фокусот » Кампања против стереотипите за жените и врежаните симболи за женственост

Кампања против стереотипите за жените и врежаните симболи за женственост

Во оваа необична кампања за козметичкиот бренд Julep, една разлутена жена буквално се бори со стереотипите и врежаните симболи за женственост.

Кампањата ја направи агенцијата Joan Creative, а ја режираше Алекс Прагер. Во спотот, главната хериона оди по улица и по пат, со кик бокс потези, се бори против иконите на социјалните медиуми, списанијата за убавина, розевата облека, високите потпетици и дури и со машината за перење.

Слоганот на кампањата е Throw Anything At Me, а покрај видеото, направена е и ретро видео игра, во која Вие може да ја земете улогата на главната хероина и да ги исфрлите сите предмети од нејзиниот пат.

Според изјавите од агенцијата, кампањата е инспирирана од основачот на Julep, Џејн Парк и нејзината мисија да создаде бренд за убавина кој ќе се залага за креативно решавање за проблемите што жените го користат секојдневно за да ги надминат притисоците и очекувањата – од индустријата за убавина, општеството, па дури и од самите себе. Истражувањата на агенцијата покажаа дека, и покрај чувството на притисок од нереалните стандарди за убавина, жените сметаат дека ставањето на шминка ги прави посигурни и похрабри да се борат со секојдневниот живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365