Home » Во фокусот » „Живот пред пепел“-кампања против стигмата за донирање органи во Индија

„Живот пред пепел“-кампања против стигмата за донирање органи во Индија

Околу 5 милиони луѓе умираат годишно во Индија поради недостаток на органи за трансплантација. И покрај свесноста на јавноста за овој проблем, дискусиите се главно ограничени во рамки на болниците, а бројот на донации на органи продолжува да биде низок.

Со цел да се надмине овој проблем, The Social Street и фондацијата MOHAN (Multi Organ Harvesting Aid Network), заедно со уште неколку индиски невладини и непрофитни организации, се здружија за да ја создадат кампањата “Life Before Ashes” („Живот пред пепел“). Кампањата вклучува неколку инсталации на човечки органи кои ја нагласуваат ургентноста на проблемот, подигнувајќи ја свеста за концептот на донирање органи во насока на негова поголема прифатливост.

Четирите инсталации вклучуваа човечко срце, црн дроб, око и бубрези, изработени од микс на вистинска човечка пепел и земја од гробови. Јасна и едноставна порака за луѓето да сфатат – „она што сега станало пепел, можело да биде срце или бубрег на друг човек – само доколку органите биле донирани.“

Фондацијата се обидува да ја нагласи оваа иронија со помош на уникатните инсталации, истовремено повикувајќи ги луѓето да станат донатори на органи. Кампањата ја проширува идејата за трансплантација на органи, фокусирајќи се на етичката вредност, укажувајќи на малиот број донирани органи и спротивставувајќи се на социјалната стигма поврзана со донирањето органи во Индија.

Четирите инсталации веќе ја привлекуваат љубопитноста на луѓето во градовите Мумбај, Делхи, Ченај и Џајпур. Фондацијата MOHAN планира да постави вакви инсталции и во повеќе молови, болници и јавни места во други градови во Индија, како и во болници во Обединетото Кралство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365