Кога ќе го пропуштиме филмот што ни се допаѓа, можеме да го гледаме подоцна на ДВД. Омилената храна можеме да ја јадеме и утре….
Но, што правиме со патувањата што сме ги ветиле? Често ги одложувеме за следната година, кога ќе имаме слободно време или доволно пари ….
А секоја година, различни изговори. Сепак, колку пати велиме “следниот пат”?
Кина Ерлајнс објави нова рекламна кампања која игра со нашата грижа на совест поради тоа што не го правиме тоа што го ветуваме. Создадена од Лео Барнет Тајван, кампањата ги нагласува празните ветувања за семејството, пријателите и колегите кои никогаш не се исполнуваат.
Дури и оние ветувања што ги правиме за себе.