Home » Во фокусот » Кампања за тоа како течел процесот на “нормализација“ на марихуаната во САД

Кампања за тоа како течел процесот на “нормализација“ на марихуаната во САД

Спајк Џонс го режираше првиот рекламен спот за компанијата MedMen која се бави со производство и дистрибуција на канабис

Спајк Џонс, познат по режијата на култниот филм “Да се биде Џон Малкович“ и многубројни спотови за рокенрол и хип хоп бендови (Sonic Youth, Beastie Boys, R.E.M., Bjork, Daft Punk, Chemical Brothers, Fatboy Slim, Beck…), го режираше спотот кој се занимава со историјата на односите во САД во однос на користењето на канабис од страна на нејзините граѓани.

Двоминутниот спот за MedMen, американска компанија која продава легална марихуана, зборува за сложената историја на канабис во САД, од неговата демонизација до “нормализацијата“.

Спотот “The New Normal” се развива низ низа живи слики како во замислен музеј, а пораката дека се работи за сосема нормален производ се пренесува и преку самиот стил на рекламата, која сама по себе изгледа како сосема нормална реклама.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365