Home » Digital » Кампањата „Boranka“ и агенцијата Imago Ogilvy ја освоија наградата Mixx Best in Show на Денови на комуникациите

Кампањата „Boranka“ и агенцијата Imago Ogilvy ја освоија наградата Mixx Best in Show на Денови на комуникациите

На Денови на комуникациите во Ровињ, Хрватска, беа прогласени победниците на натпреварувањето Mixx Hrvatska, организирано според меѓународна лиценца на IAB, кое има за цел да ги награди најдобрите дигитални кампањи. Главната награда Best in Show ја доби кампањата Boranka – zazelenimo požarišta Dalmacijeна агенцијата Imago Ogilvy.

Покрај главната награда Best in Show, на Mixx беа доделеи и следните 9 награди по категории:

– Pipi и агенцијата Imago Ogilvy ја освоија наградата во категоријата Brand Awareness Campaign за кампањата „Bezbrižni pozdrav s Jadrana“;

– Diners Club и агенцијата MediaCom ја освоија наградата Direct Response and Lead Generation за кампањата „Smarter way to pay“;

– Diners Club Hrvatska и агенцијата WebBurza ја освоија наградата Best Website;

– Наградата Best Mobile App ја освои агенцијата Flow 404 за кампањата „KEKS Pay;

– Dukatino и агенцијата Švicarska ја освоија наградата Best Branded Content за кампањата „Rasti zdravo, jedi fino“;

– Наградата Best Search ја освоија компанијата Kompara и агенцијата Cvoke;

– Tele2 и агенцијата Imago Ogilvy ја освоија наградата во категоријата Best Tech and Innovation за кампањата „MobiTelka“;

– Kaufland и Telegram Media Grupa ја освоија наградата во категоријата Best Publisher Long-form Native за кампањата „Naše mi najbolje paše

– Pipi и агенцијата Imago Ogilvy ја освоија наградата Best Social за кампањата „ Pipi Balkon“.

Организаторите соопштија дека бројот на пријавени кампањи за натпреварувањето пораснал за 5% во однос на минатата година, односно пристигнале вкупно 82 апликации. Пријавените кампањи за натпреварувањето Mixx Hrvatska се рефлексија на пазарните трендови и вложувањето во различните канали за комуникација – од веб-страници, па сѐ до мобилни апликации. Организаторите истакнуваат дека дигиталните содржини, како во светот, така и во Хрватска, имаат достигнато ниво да можат да предизвикаат промени во бројот на продажби самостојно и како дел од интегрирани кампањи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365