Home » Во фокусот » Кампањата #Несакана најдобра во категоријата кампањи кои го прават светот да биде подобро место

Кампањата #Несакана најдобра во категоријата кампањи кои го прават светот да биде подобро место

Први Eurobest награди за тимовите на McCann Подгорица и McCann Белград

Eurobest, како еден од најважните адвертајзинг фестивали, носи нови награди за кампањата #Несакана, која за НВО Центар за правата на жените беше реализирана од страна на агенциите McCann Подгорица и Белград, со поддршка на медиската агенција UM Подгорица. По наградите на фестивалите Golden Drum, Epica и SEMPL, на Eurobest пристигна и GLASS The Award for Change, GRAND PRIX FOR GOOD и бронза во категоријата Entertainment, Use of Original Composition for a Brand or Campaign.

“Наградите се голем поттик и мотивација за да продолжиме да ги деконструираме предрасудите спрема жените и да се залагаме за поправедно и побезбедно општество за жените, а со самото тоа – за сите. Кампањата #Несакана е најмалку приказна за селективните абортуси, а многу повеќе приказна за еднаквоста, слободата и иднината. Ова не е само приказна на Црна Гора, таа е универзална и затоа треба да патува понатаму во светот. Ова е начин да го постигнеме тоа и затоа сме многу благодарни за поддршката што ни ја дадовте со доделување на оваа награда”, изјави Маја Раичевиќ, извршен директор на невладината организација Центар за правата на жените.

Сандра Вујовиќ, креативен директор на McCann Подгорица додава: “За мене #Несакана не е кампања. Тоа е добра, убава, храбра и смела девојка која со искреност и со силата на своите емоции го менува целото општество, учејќи не` дека ништо не е невозможно. Мислам дека тоа е токму она што сите го препознаваат и што никој не остава рамнодушен. Ова се потврдува и со наградите во категориите Gran Prix for Good и Glass for Change“. Тешко е да се опише количината на гордост за тимскиот дух на нашата агенција и прекрасните луѓе од невладината организација Центар за правата на жените, а кои во моментов ги чувствувам. Им честитам на тимовите за се што #Несакана постигна во текот на изминатата година! “

“Многу сум горда на успехот на нашите агенции и тимовите и проектот кој повеќе од една година го водевме со љубов и страст. Grand Prix for Good и GLASS: For Change се навистина престижни награди на најважниот европски фестивал на креативноста и претставуваат не само сатисфакција за работата на кампањата, туку и поттик за идните потфати”, изјави Јана Савиќ Растовац, креативен директор на McCann Белград.

Кампања #Несакана досега ги освои следните награди: Golden Drum Adriatic за најдобар проект во регионот, злато во категоријата Reach и сребро во категоријата Craft на фестивалот Golden Drum, бронза во категоријата Настани на Epica Awards, како и злато во категоријата на иновативна употреба на канали за комуникација на фестивалот SEMPL.

Фестивалот Eurobest  од 1988 година ги препознава големите идеи и победници кои се позиционираат меѓу креативната елита. На овој фестивал на креативност, најмногу внимание се посветува на кампањите кои даваат резултати, воведуваат иновации, ги подигнале критериумите на креативните изведби и слично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365