Може ли воопшто една група на луѓе да се категоризира како загрозен вид? Оваа кампања дава аргументи зошто ова би било можно
Канаѓаните со Даунов синдром сакаат да бидат првите луѓе кои ќе бидат додадени на листата на загрозени видови, а ѕвездите во спотовите во новата кампања, која е направена про-боно од агенцијата FCB Канада, даваат некои убедливи аргументи зошто треба да добијат статус на заштитени видови.
Во некои земји, како што е САД, родени се 30% помалку луѓе со Даунов синдром отколку што било проценето, а во некои земји тој број е блиску до нула. Затоа, заедницата на лицата со Даунов синдром денес имаат се` помалку глас во светот, што резултира со помали можности за наоѓање на домување, образование и финансии на заедницата на која сигурно и е потребна поддршка.
Канадското здружение на лицата со Даунов синдром (CDSS) се обраќа до Меѓународното здружение за заштита на природата (IUCN), организација која управува со листата на загрозени видови, со барање за луѓето со Даунов синдром да станат првите луѓе кои ќе бидат вклучени во листата, во обид да добијат можност за примена на слични видови финансирање, заштита, државни интервенции и подигнување на јавната свест, какви што добиваат животните што се на листата на загрозени видови.
За да ја промовира оваа иницијатива, кампањата вклучува серија видеа и принт реклами со луѓе со Даунов синдром кои се облечени во костими на загрозени видови.