Home » Во фокусот » Карлсберг понуди “Happy Hour 2.0”

Карлсберг понуди “Happy Hour 2.0”

– СВЕТ – Еден од најпознатите пивски брендови, данскиот Carlsberg , на своите конзументи им понуди уникатна можност да го продолжат времето :)

Се разбира, правиме муабет за времето за пиење :) и евтини цени на пивото во “Hour” кој може постојано да биде “Happy”.

Се што конзументите треба да направат е да дадат мала поддршка за брендот и барот каде пијат, со тоа што истиот ќе го испромовираат на инстаграм со слика каде пијат Карлсберг и хаштаг #HappyBeerTime.

Зошто велиме дека ова е Happy Hour напредна верзија, односно 2.0. ?

Карлсберг и досега практикуваше слична иницијатива со голем број на барови со кои соработува, нудејќи им можност интерактивно да промовираат “Среќен Час“ кога Карлсберг и Туборг производите беа нудени по половина цена. Но часот како час, посебно со пиво….брзо завршуваше.

За да ја продолжат забавата од Карлсберг смислија супер идеја на секој оној што ќе им помогне во промоцијата на брендот на Инстаграм да му понудат уште 5 мин. плус да може да нарача за цело друштво пиво по пола цена…и брендот и барот и друштвото имаат ќар од оваа идеја, затоа е одлична и заслужи за неа да пишуваме и во Македонија !

Погледнете:

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365