Икеа наоѓа нови начини да го намали своето влијание врз животната средина и истовремено им дава на децата идеи за играње
Икеа е една од оние компании чии производи бараат многу картонска амбалажа, но сега пронајдоа одличен начин нивните картони добро да се искористат, а истовремено да го зајакнат нивниот однос со клиентите.
Икеа во соработка со Wunderman, Kantar Consulting и компанијата Mini Mad Things, работи на апликација, која ќе им помогне на децата да создаваат сопствени играчки од овие гломазни картонски кутии. Она што е убаво во оваа иницијатива е што претвора нешто што обично завршува во ѓубре, во алатка која им помага на децата да ја изразат својата имагинација во смислен начин, што е особено важно во денешниот свет каде што децата се залепени на нивните екрани и гаџети.
Оваа идеја, презентирана на панел во Кан и развиена за само пет недели, е родена од сознанието дека картонските кутии веќе со децении се “празно платно” за имагинација на детето, а како еден од најголемите дистрибутери на картони, Икеа одлучи да им помогне да ги подигнат своите идеи на едно сосема ново ниво. Така, родена е апликацијата Ikea Toybox.
Даниел Бонер, глобален креативен директор на Wunderman, за овај проект изјави: “Оваа студија и експеримент го направија спринтот до Cannes Lions особено возбудлив, бидејќи сега достигнавме до фазата каде што целата работа можеме да ја споделиме со светот. Икеа навистина ја разбира потребата и вредноста на играта и ние сме среќни што можеме да им помогнеме да ги истражат новите можности за промоција на креативна игра помеѓу нивните потрошувачи. Икеа постои како простор за нови идеи и веруваме дека проектот Ikea ToyBox продолжува да го исполнува ова ветување – отворајќи нови можности за игра на децата од сите возрасти. “