Home » Во фокусот » Ќерката на Лени Кравиц – ѕвезда во новата реклама за Ив Сен Лоран

Ќерката на Лени Кравиц – ѕвезда во новата реклама за Ив Сен Лоран

Француската модна куќа Saint Laurent ја претстави есенската колекција во кампања чија главна ѕвезда е младата актерка и модел Зои Кравиц, ќерката на Лени Кравиц. Зое Кравиц веќе неколку сезони важи за муза на оваа модна куќа.

Новата кампања на француската модна куќа зрачи со бунтовни рокенрол вибрации со мистериозна атмосфера и различни светлосни ефекти.

Зое не е единствениот потомок на познати личности кои се појавуваат во кампањата, бидејќи во истата реклама имаме можност да го видиме и синот на познатиот музичар Лиам Галагер, Ленон, кој за разлика од неговиот татко, се занимава со моделирање и веќе изгради име за себе во светот на модната индустрија. Видео кампањата ги прикажува овие млади ѕвезди кои носат модни парчиња од колекцијата, како што се кожени јакни, крзнени палта, леопардови чизми и јакни со зебрест принт. Во рекламата преовладуваат различни ритми, менувањето на боите и прекршување на светлината, што заедно создаваат речиси надреален ефект.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365