Home » Extra 5 » KFC стримуваше 4 часа како мачки се качуваат по фигура од основачот – 700,000 луѓе го гледаа

KFC стримуваше 4 часа како мачки се качуваат по фигура од основачот – 700,000 луѓе го гледаа

Kentucky Fried Chicken, или популарно KFC, е како она дете со кое растевте што сакаше да проба се’. Колку чудно и да изгледаат некои од триковите на брендот, методот на привидно лудило очигледно успева и помага во зголемувањето на приходите на ланецот ресторани за брза храна.

Ако некој ви кажеше дека KFC ќе направи фигура од основачот Колонел Сандерс, ќе земе еден куп мачки да се качуваат по неа и тоа ќе го стримуваат 4 часа на Facebook Live преку Super Deluxe, како ќе реагиравте? Епа KFC тоа го направи вчера и над 700,000 луѓе се вклучија да го гледаат.

Делови од фигурата на Колонел Сандсрс беа подвижни, па дури и „зборуваше“ – преку нарација на Рон Линч. Публиката која го гледаше видеото толку се внела во целата работа, што почна да ги коментира потезите на мачките и да им дава имиња.

Покрај мотивот да се продаде повеќе пилешко, целта на овој настан беше и вдомување на мачките од видеото. Имено, целата работа беше реализирана во соработка со организацијата за заштита и вдомување на животни “Heaven on Earth – Society of Animals” од Лос Анџелес.

Ако сакате да гледате 4 часа како си играат мачки, веднаш пуштете го видеото:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365