Што мислите, дали потрошувачите во овој случај претераа со нивните реакции?
Киндер беше принуден да им се извини на родителите во САД, откако некои од нив го обвинија брендот за дистрибуција на играчката Kinder Egg која “алудира на Кју Клукс Кланот (ККК)”, американска фундаменталистичка расистичка организација.
Контроверзната играчка ја претставува нивната маскота јајце, кое држи три балони со буквата K на нив, што предизвика реакции од корисниците на социјалните мрежи, кои потоа пронајдоа цела низа на работи кои не се во ред кај играчка.
Така, купувачите направија и дополнителни споредби помеѓу маскотата и организацијата, тврдејќи дека врвот на играчката асоцира на озлогласената качулка на оваа расистичко движење, додека други тврдат дека косата асоцира на Доналд Трамп.
Матичната куќа на Киндер, Фереро, одговори на обвиненијата на социјалните медиуми и се извини за било каква вознемиреност што можеби ја предизвикале ненамерно.
Портпаролот на компанијата изјави: “Како што детелно опишавме во пораката до нашите потрошувачи, во почетокот играчката беше дизајнирана со еден балон со буквата” К “на неа. Меѓутоа, беа додадени уште два за да се обезбеди посилна структура на играчката, бидејќи безбедноста и квалитетот на нашите производи се од суштинско значење. Немаме апсолутно никаква намера да правиме асоцијации на Кју Клукс Клан и искрено им се извинуваме на нашите потрошувачи за ненамерно предизвикување на било какви навреди”.
Играчката е повлечена во меѓувреме, а компанијата понуди замена за оние кои веќе биле дистрибуирани.