Home » Extra 5 » „Што прават креативците за време на празниците?“ – Работаат прекувремено!

„Што прават креативците за време на празниците?“ – Работаат прекувремено!

„Клиентот е секогаш во право“ – сите сме ја слушнале оваа реченица милион пати во животот. Некои се согласуваат, некои не. Но, едно е сигурно – некои клиенти знаат навистина да ви го отежнат животот. Меѓутоа, во вистински монтипајтоновски дух и соодветно на сегашните празници – „Секогаш гледај на светлата страна од животот“ – српскиот копирајтер Марко Новаковиќ создаде одличен сатиричен проект на социјалните медиуми кој се осврнува токму врз овој дел од агенцискиот живот, претворајќи ја евентуалната негативна енергија помеѓу креативците и клиентите во хумор – на креативците давајќи им повод за смеење, на клиентите можност да научат како не треба.

Нам толку ни се допаднаа хуморот на „Klijent Je Uvek U Pravu“, што се решивме да внесеме малку празнична ведрина во порталот и во неколку постови да внесеме дел од досетките кои најмногу нe’ изнасмееја. :)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365