Home » Во фокусот » Клучот за успешен маркетинг е брзото реагирање

Клучот за успешен маркетинг е брзото реагирање

Компанијата Старбакс веќе одамна е позната по своите добри маркетинг стратегии, а неодамна успеа сериозен инцидент се претвори во рекламна кампања

Имено, проблемот се појавил кога продавачот на една продавница Старбакс во Филаделфија повикал полиција бидејќи двајца афро-американци, кои подолго време седеле во барот, не нарачале кафе. Откако пристигнала полицијата, мажите биле уапсени за нелегално влегување во простор што му припаѓа на компанијата, но никој не го слушнал она што тие се обидувале да го објаснат – дека не нарачале кафе веднаш, бидејќи чекале уште еден пријател да им се придружи. Човекот кого го чекале, пристигнал на местото на инцидентот за време на апсењето и ја потврдил нивната приказна.

Се разбира, инцидентот предизвика бурна реакција од јавноста, па Старбакс, одговори со одлука на 29 мај да затвори 8000 свои објекти со цел вработените да посетат обука на тема расни предрасуди.

Старбакс често се издвојува поради интелигентни маркетинг кампањи, а најважната лекција која ја нуди овој инцидент е дека вистинскиот тест на маркетинг стратегијата на некоја компанија е во тоа колку е таа прилагодлива, односно колку брзо реагира во ситуации кои може да имаат негативно влијание врз работењето. Затоа, важно е колку брзо компанијата може да реагира на сопствените грешки, но и на грешките на конкурентите.

Маркетинг стратегијата е една од најважните сегменти во работењето, без разлика дали се работи за мал семеен бизнис или за голема компанија, но најважна е способноста за брзо реагирање во ситуации кога се укажува добра можност за кампања. Затоа е неопходно понекогаш да се отстапи од претходно планираните стратегии со цел да се искористат можностите кои се создаваат неочекувано. Ова може да вклучува создавање на кампањи, кои се одговор на грешката на некоја конкурентска компанија, па препознавањето на поволен момент е од суштинско значење, како и начинот на кој се реагира.

Постојат неколку начини на кои една компанија може да реагира на можностите за маркетинг, а една од најпопуларните е, секако, комуникацијата преку социјалните мрежи. Најголемо внимание во контекст на овие стратегии привлекуваат оние компании кои пронашле креативни начини да комуницираат со потенцијалните клиенти, а еден од тие начини е и реагирање на грешките на конкурентите, кои според искуствата на успешните стратегии, мора да биде умерено, но и духовито и интелигентно.

Така, може да констатираме дека постои простор за една компанија да профитира од грешките на своите ривали, а еден од најдобрите примери е оној кој се однесува на компаниите Uber и Lyft. Имено, вредноста на акциите на компанијата Uber значително се намалија, по серијата скандали кои ја прикажаа компанијата во негативно светло, а од 2015 година, уделот на Uber на пазарот падна од 90% на 75%, додека во исто време Lyft забележа раст и со 21,2% достигна 24,7%. Една од стратегиите на компанијата Lyft во тоа време вклучувала и донација на организацијата American Civil Liberties Union, во износ од еден милион долари, како реакција на законите со кои Трамп им забрани на имигрантите влез во државата, но и на фактот што извршниот директор на компанијата Uber – Травис Каланик – се приклучил на економско советодавно тело на Трамп.

Конечно, постојат и ситуации во кои би било добро компаниите помалку да се рекламираат, па некои компании одлучуваат да ги повлечат своите маркетинг содржини од сервисите кои се во сопственост на компании кои во моментот се вклучени во некој скандал. Еден пример за ова е тоа што неодамна се случи со компанијата Фејсбук, која се најде во центарот на скандалот со Кембриџ Аналитика, заради кој компаниите Sonos и Mozilla објавија дека ги повлекуваат своите рекламни содржини од платформата на компанијата. Таквите постапки им овозможуваат на брендовите да се дистанцираат од скандалот што е во тек и да им испратат позитивна порака до клиентите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365