Home » Во фокусот » “Know No” – моќна кампања која има за цел да ги намали сексуалните напади  и да ги едуцира младите

“Know No” – моќна кампања која има за цел да ги намали сексуалните напади  и да ги едуцира младите

“Know No” е новата моќна кампања која има за цел да ги едуцира младите низ Америка што всушност значи согласност и цели кон редуцирање на бројот на сексуалните напади.

‘’ Кога некој е спие  или е во несвесна состојба, не може да каже  ништо, односно не може да ја даде својата согласност/несогласност за сексуален  чин . Се додека некој не ви даде потврдно ‘’ДА’’ за секусален чин, тогаш станува збор за силување’’ – ова е пораката на кампањата  “Know No” која следи по епидемијата на сексуалните напади на универзитетските кампуси низ САД.

Тимот девојки од Marc USA Chicago, на улиците во Chicago им демонстрираше на младите што значи секс со согласност. Група на танчери имаа за улога со транспаренти на кои пишуваше “Доколку не кажам Не, не можам да кажам и Да’’,  пред насобраната толпа.

Две девојки од Marc USA, Snake Roth и  Stephanie Franke, до оваа идеа дошле по веста дека Brock Turner, маж осуден за силување на студентка во несвесна состојба од универзитетот, ќе служи кратка затворска казна за злосторството кое го извршил.
По огромното незадоволство искажано од страна на пријателите и семејството на жртвите,  Snake Roth и  Stephanie Franke добиле идеа како да направат импакт и да помогнат ваквите немили настани да не се случуваат и во иднина.

Ставот кој го завзеле доаѓа од самата идеа што поимот согласност значи. Луѓето незнаат дека зборот согласност ја има својата вистинска смисла само кога некое лице ќе каже ”ДА”. ”НЕ”, не значи дека лицето ја дало својата согласност. Тишината не е согласност.
”Разјаснувањето на поимот ”согласност” всушност за овие две жени претставува и почетната точка со која кај младите може да се креира корисна алатка за правење на подобар избор, целта е да се направи разлика”.

На веб сајтот на Know No , тимот креира серии на прашања поврзани со двањето на согласност и разјаснување на самоит поим.

Целта на оваа кампања е да се едуцираат што е можно поголем број на девојки и момци што е согласноста, а и да иницира отворање на конверзација околу темата во рамките на кругот на семејството и пријателите.

Кампањата примарно замислена да се лансира во текот на овој месе, околу сезоната на отворањето на универзитетските кампуси своето лансирање ќе го пролонгира како револт, кој следи повеста околу раното ослободување на Brock Turner, лицето обвинето за силување без согласност.

”Креиравме отворена врата, можност, поттик, луѓето да започнат да зборуваат со своите помлади сестри, внуки, внуци, ќерки. Оваа кампања е само поттик за почеток на разговорот околу оваа тема, и тоа е целта која требаше и да ја постигне.” –  Stephanie Franke

Извор: www.adweek.com

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365