battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Кои “Маркети“ беа најприсутни во медиумите за минатиот месец?

Кои “Маркети“ беа најприсутни во медиумите за минатиот месец?

Маркетинг365 во соработка со Press Clipping продолжува со серијата статистички анализи на определени групи бизниси.

Денеска ја објавуваме статистичката анализа за присутноста на “Маркетитите“ во медиумите за минатиот месец (период 13.11.2013-13.12.2013).

За “Маркетите“ во обработуваниот период се објавени вкупно 131 информација, од кои дури 102 на интернет, 22 информации во весниците, 1 на радио и 6 на ТВ.

Број на интернет објави по Брендови на Маркети

На интернет најмногу (дури 42 пати) се пишувало за Рамстор, потоа следува Веро (21 пат), Тинекс (11) и Скопски Пазар (4 пати). За Керфур и КАМ имало по една информација а за Тедико – ниту една !

Број на интернет објави по Бренд на маркети

 

 

 

 

 

 

 

Број на ТВ&Радио објави по Брендови на Маркети

Во однос на ТВ&Радио објавите, повторно Рамстор е маркетот кој бил најприсутен со  3 објави, следува Тинекс со две,  додека исто така имало и две информации кои проструиле а во кои се информирало општо за маркетите без да се споменуваат имиња.

Број на објави во Весници по Брендови на Маркети

Во весниците најмногу се пишувало за Рамстор, потоа имало и статии каде се споменуваат и Тинекс, Веро и Скопски Пазар.

број на објави во весници за маркети

 

 

 

 

 

 

 

 

Број на ТВ&Радио објави по Брендови на Маркети одделно по медиуми

Од Анализата на тоа кои ТВ&Радио медиуми објавувале информации за кои Маркети, може да се забележи дека Сител ТВ објавил по една вест за Рамстор и Тинекс и една општа за сите маркети. Алфа објавила една вест само за Тинекс а Канал 5 една вест само за Рамстор.

Koi TV objavile za koi marketi

 

 

 

 

 

 

 

Број на објави во весници по Брендови на Маркети одделно по медиуми

Koi vesnici objavuvale za koi marketi

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Кај весниците, воочливо е дека Нова Македонија и Вечер објавувале најмногу за оваа група бизниси. Нова Македонија четири пати пишувала општо за групата а една вест објавила за Скопски Пазар. Вечер четири пати пишувал за Рамстор, еднаш за Тинекс и еднаш општо, додека во Утрински Весник биле пренесени 1 информација за Веро и 2 општо за групата.

 

Извор на информации – PressClipping, Статистичка анализа за Маркети

press clipping logo - marketing365

www.pressclipping.com.mk

 

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365